Евтино „злато“ за здравје што неправедно го игнорираме на полиците во маркетите

Сурутката е блага и природна напивка, потполно сигурна за употреба поради што е соодветен избор за исхрана од добата на доење, па сè до староста. Поради сличноста со мајчиното млеко може да се користи како надоместок за млекото во прав кај доенчето. За да ја почувствувате максималната ефикасност на оваа драгоцена течност кои нашите прабаби ја користеле како лек, консумирајте од половина до 1 литар сурутка дневно. Најдобро е да ја пиете наутро, заедно со појадокот, но ефикасноста ќе ја почувствувате и доколку ја пиете во текот на денот за да се освежите и да ја вратите енергијата. Оваа моќна напивка има и своја скромна страна, бидејќи е доста евтина и достапна за секого.

1-samo-26-kalorii-zlato-za-pet-pari-koe-nepravedno-go-ignorirame-na-policite-vo-marketite-www.kafepauza.mk_

1. Таа е најдобар природен лек за црниот дроб

Масен црн дроб, хепатитис, жолтица, црн дроб кој е оштетен од алкохол и нездрава исхрана, цироза… Едноставно не постои болест на црниот дроб врз која сурутката не помага. Оваа скромна напивка содржи бета-лактоглобулин, што го снабдува организмот со аминокиселината наречена „BCAA“ која помага со напредните болести на црниот дроб, поточно на заболените од цироза им овозможува да живеат подолго и поквалитетно. Доколку сакате да го прочистите црниот дроб, најдоброто што можете да го направите е да посегнете по чаша сурутка.

2. Помага при слабеењето

Сурутката содржи многу протеини кои ја зголемуваат мускулната маса и даваат чувство на ситост со мала количина калории. Во 100 грама сурутка се наоѓаат само 26 калории. Бидејќи е сиромашна со масти и калории, а богата со важни хранливи супстанци, сурутката е важен дел во диетата и е корисна за сите оние што сакаат да имаат витка фигура. Протеините во сурутката исто така го зголемуваат нивото на хормоните кои го намалуваат апетитот и така го ублажуваат чувството на глад.

3. Го решава проблемот со констипацијата

Сурутката набрзина ќе го поттикне варењето, односно брзо ќе го реши неудобното чувство на надуеност и запек. Со оглед на тоа дека има деуретски својства, внимавајте да не претерате со консумирањето (максимално 1 литар на ден), бидејќи може да предизвика дијареја. Сурутката поседува млечна киселина која го намалува прекумерниот број габи и бактерии во цревата, а нејзината ниска pH вредност ја поттикнува работата на цревата.

4. Го намалува стресот и чувството на замор

Сурутката го поттикнува лачењето на серотонин, хормонот на среќата, па така се намалува чувството на стрес и хроничниот замор. Содржи и алфа-лактабулмин што изобилува со есенцијалната аминокиселина триптофаном, која е позната по регулирање на сонот и подобрување на расположението.

2-samo-26-kalorii-zlato-za-pet-pari-koe-nepravedno-go-ignorirame-na-policite-vo-marketite-www.kafepauza.mk_

5. Ја регулира зголемената маснотија во крвта

Сурутката им се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со зголемена маснотија во крвта кои не успеваат да ја контролираат со лекови или исхрана. Односно, сурутката скоро кај сите луѓе го регулира зголемениот холестерол и триглицеридите после неколку недели редовно консумирање.

6. Помага во изградувањето на мускулната маса

Сурутката, и тоа онаа во прав, денес е можеби најпопуларната помеѓу спортистите кои драгоцените својства од ова заборавено богатство обилно ги користат за изградба на мускулна маса, но и за заздравување на мускулите после физички напори, односно вежбањето.

7. Го намалува крвниот притисок

Редовното консумирање сурутка допринесува и за здравјето на циркуларниот систем, бидејќи го намалува нивото на гликоза во крвта и крвниот притисок, односно на овој начин го намалува ризикот од болести на срцето и крвните жили.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар