Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Живееме во чудно време каде за некои луѓе статусот на Интернет може да има поголемо значење од она што се случува во реалниот свет. Тие го оценуваат нечиј живот врз основа на фотографиите што ги објавуваат на Фејсбук, или врз основа на она што го пишуваат, па доаѓаат до погрешни заклучоци. Но, за разлика од нив, среќните парови не ги споделуваат нивните животи на Интернет, а во продолжение погледнете и зошто.

1. Кога луѓето се среќни во нивната врска, тие го живеат сегашниот момент

(1) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Ако повеќето работи им одат добро, како во животот, така и во врската, среќните парови не ја гледаат смислата во тоа да им го докажат овој факт на останатите, објавувајќи на Интернет. Секако, ова не значи и дека тие никогаш не ставаат слики или пак не проверуваат што има ново на социјалните мрежи, но не го прават тоа со цел да им докажат на другите колку се среќни.

2. Знаат дека споделувањето на проблемите на Интернет нема да им донесе ништо добро

(2) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Среќните парови знаат дека откривањето на личните проблеми на социјалните мрежи е најмалку ефикасен метод за нивно решавање. Напротив, свесни се дека тоа само ќе им ги влоши односите.

3. Вистинската среќа значи да се биде во врска со некој што го сакате

(3) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Нема да добиете ништо доколку секојдневно на Фејсбук објавувате докази за тоа колку сте среќни. Радост е да се биде заедно, а не да го покажувате тоа на Интернет. Среќните парови го разбираат ова и уживаат во секој заеднички миг, наместо да поминуваат време на социјалните мрежи.

4. Никој не мора да докажува ништо на никого

(4) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Оние кои се во вистински среќна врска немаат потреба да им покажуваат на другите како се чувствуваат. Тие се заедно затоа што така сакаат, па не се грижат дали на нивниот Фејсбук профил им пишува дека се во врска.

5. И најважното нешто…

(5) Еве зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи

Истражувањата покажале дека оние што не ги користат социјалните мрежи се многу посреќни од оние што го прават тоа, пред сѐ бидејќи тие постојано се споредуваат со нивните пријатели и колеги, па секогаш им се чини како другите да се подобри или посреќни. Најважен е вашиот реален живот, вашата врска, искуството и чувствата, а не популарноста на Интернет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар