Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

Најчесто пред да влеземе во нашиот дом си ги собуваме чевлите затоа што нашите мајки воспоставиле таков ред и дисциплина. Тоа најчесто го правиме за да се одржува хигиената во домот. Но, сега и научниците советуваат дека никогаш не треба да влегуваме пред да ги соблечеме чевлите. Еве зошто…

Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли

На вашите чевли живеат бактерии

Според научниците, се работи за нешто повеќе од само чисти подови. Всушност, носењето чевли внатре го зголемува ризикот од внесување некоја бактерија од надворешниот свет. Истражувањата покажуваат дека на надворешноста на чевлите има 421.000 бактерии од 9 различни видови. Тука спаѓаат ешерихија коли и клебсиела пневмонија која може да предизвика инфекции на мочниот тракт, како и serratia ficaria, која предизвикува респираторни инфекции.

Овие бактерии можат да се закачат на нашите чевли бидејќи поминуваме низ места кои претставуваат легла на бактерии како што се јавните тоалети, нечистата вода, животинскиот измет и така натака. Органските остатоци по кои газиме всушност им помагаат на бактериите да живеат на вашите чевли, што значи дека на нив сега сигурно има бактериски колонии.

Истражувањата откриле дури 77.000 различни видови бактерии и вируси во јавните тоалети, а од земените примероци најзастапени биле стафилококите.

Но, има и други опасности освен бактериите

Преку чевлите дома може да внесете отрови од вештачки ѓубрива и инсектициди со кои се прскаат тревниците. Тоа е навистина играње со вашето здравје. Да не ги заборавиме и валканите вирови во кои сте стапнале, а кои покрај вода, содржат остатоци од бензин, нафта, моторни масла и што ли уште не, кое лесно може да се најде на вашиот под во дневната соба.

Што треба да правите?

Едноставно е. Соблекувајте ги чевлите кога влегувате дома. И не јадете храна од подот, иако вам ви се чини дека е чиста. Или послушајте ги научниците и перете ги чевлите со детергент во машина за перење. Можеби затоа се верува дека научниците не знаат ништо за модата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар