Еве што му се случува на телото по само еден тренинг!

Еве што му се случува на телото по само еден тренинг!

Кога ќе започнете да вежбате, првите неколку дена чувствувате ужасни болки кои мислите дека се агонични, но дури и после првото вежбање во телото се случуваат големи промени. Затоа само продолжите да вежбате. Еве што се случува по само првиот тренинг.

0-eve-shto-mu-se-sluchuva-na-teloto-po-samo-eden-trening-kafepauza.mk

1. Стресот исчезнува

Последната анкета во САД открива дека само 14% од луѓето тренираат за да го намалат нивото на стрес. Дури и ако вежбањето ви создава стрес, сепак тоа стимулира подобра циркулација на крвта до мозокот и лачење на ендорфин – хормонот на среќата.

2. Се спречува настанок на дијабетес

Ниските нивоа на инсулин создаваат дијабетес. Во истражување од 2007 луѓе кои вежбаат откриле дека само еден тренинг ги намалува масните наслаги во мускулите што го забрзува производството на инсулин.

3. Може да дојде до промена на ДНК

Во студија од 2012 шведските истражувачи откриле дека здравите, но неактивни возрасни луѓе кои имале само еден тренинг, на тој начин влијаеле да се промени генетскиот материјал на нивните мускули. ДНК се наследува од родителите, но начинот на живот – како што е тренингот – може да има важна улога во пренесувањето на одредени гени.

4. Се подобрува концентрацијата

Кога ќе почнете да тренирате, крвта во мозокот ја забрзува функцијата на мозочните ќелии – а тоа ја подобрува концентрацијата.

5. Подобро расположение

За време на тренингот, вашиот мозок почнува да испушта невротрансмитери (ендорфин и сератонин) кои го покренуваат расположението и ги намалуваат шансите за депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар