Еве на кој начин треба да ги бричите вашите нозе во зимските денови

Во зимските денови многу девојки имаат помала мотивација и поттик да ги бричат своите нозе. Честопати си велат дека кусите влакна може да ги прикријат со хулахопки и да излезат без проблем. Сепак, кога доаѓа време за извршување на оваа „обврска“, треба да бидете повнимателни со цел да ја намалите сувоста на вашата кожа и истата да ја заштитите. Погледнете ги овие четири едноставни, но корисни начини за да постигнете подобри резултати.

Еве на кој начин треба да ги бричете вашите нозе во зимските денови

1. Најпрво ексфолирајте ја вашата кожа со луфа. Отстранете ја мртвата кожа од вашите нозе со нежни и кружни движења. На овој начин ќе му овозможите на бричот да се движи по целосно чиста површина.

2. Бричете се само на крајот од туширањето. Така вашите влакна ќе бидат доволно навлажнети и омекнати, па со тоа ќе ја намалите чувствителноста на кожата при бричењето.

3. Пред да започнете со бричење, ставете го бричот околу десетина секунди под вода. На овој начин жилетите ќе имаат доволно влага пред да се соочат со вашата сува кожа.

4. Заменете го гелот за бричење со крем. Производите кои се на основа на крем повеќе ја омекнуваат кожата отколку геловите кои се на водена база. Запаметете, колку повеќе влажност, толку подобро, особено во зимските месеци.

Покрај тоа, не заборавајте дека од особена важност е и редовно да го менувате вашиот брич. Доколку не го правите тоа, може да се соочите со непријатни последици.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар