Есента е време за експериментирање: Трендови кои со сигурност сè уште не сте ги испробале

Како и секоја друга, така и оваа есен донесе бројни промени на полето на модата и трендовите кои ќе владеат во текот на сезоната. На сите дизајнери и брендови тековната сезона им е најважна, па секогаш за неа се подготвуваат најдолго и го вложуваат својот максимум, за на крај да добијат многу добри резултати. Додека голем број трендови навистина ни се допаднаа и веќе започнаа да се забележуваат на улиците на многу градови, постојат и оние кои се малку бизарни и сосема необични, што би се рекло, неочекувани. Дел од нив следат во продолжение.

1-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

1. Еден од нив, најмалку „нападен“ е предолгите ракави на кошулите и џемперите. Широките парчиња облека се тренд кој се носи веќе подолго време и многу добро се комбинираат во различни комбинации. Ракавите кои преминуваат преку дланката, односно целосно ја прекриваат, е тренд кој не само што е необичен, туку и доста непрактичен.

2-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

2. На ова некогаш се смеевме и зборевме дека е навистина лошо и недопустливо, но оваа сезона реши да внеси бројни изненадувања. Чорапи и сандали, чорапи и чевли, сè е допуштено. Модата стана толку флексибилна што во трендови го вбројува и она што некогаш многу сериозно се критикувало, баш како што е и оваа постапка.

3-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

3. Во ова има најмалку „драма“ и необичност. Во последната сезона еден од главните модни детали, особено кога е во прашање студеното време, се крзнените топки што се закачуваат на јакната, чантата или нешто друго. Во својот подолг облик, како опашка, крзното во боја станува тренд кој сите сакаат да го закачат на јакната или капутот за да ја „зачинат“ својата комбинација.

4-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

4. Ова веќе го имаме видено, а во прашање е минатиот век. Фустани на рамки облечени врз џемпер или блуза со долги ракави, е еден од трендовите кој се промовираше на бројните модни ревии, односно пистите беа полни со него. Доколку некогаш сте сакале ова да го видите или облечете, тогаш имајте на ум дека повторно се носи, па слободно комбинирајте како што сакате.

5-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

5. Кога фустаните може да се носат врз џемперите, тогаш може да се носат и врз панталоните. И ова е еден тренд кој со тек на времето се изгуби, а сега повторно се врати на „големата врата“ во модниот свет.

6-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

6. Чантите се најголемиот фетиш на секоја жена, покрај обувките. Можеби до сега сте ги носеле преку рамото, префрлени преку глава или во рака, но сега е време да го измените тоа. Носете ги префрлени преку рамото, но со краток каиш, за да ви се наоѓаат точно под раката. Можеби непрактично, но познавачите на модата велат дека изгледа стилски.

7-esenta-e-vreme-za-eksperimentiranje-esenski-trendovi-koi-se-ushte-ne-ste-gi-isprobale-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар