Есенски тренд: Оваа нијанса на руса коса полека ги освојува сите социјални мрежи

Русата коса е атрактивна сама по себе, па затоа и воопшто не е чудно што различни нијанси од оваа боја беа на врвот во последните неколку години. Но, по платинесто русата, различните омбре верзии и онаа со боја на пепел, на ред дојде златно-розовата руса коса. Звучи чудно, но кога ќе ги погледнете следниве фотографии ќе сфатите дека таа изгледа неверојатно. Токму затоа е и еден од моментално најактуелните бјути трендови ширум светот, а тоа особено може да се забележи на Инстаграм. Оваа социјална мрежа е преплавена со најразлични варијации на златно-розовата боја, која веќе се смета за водечки тренд на есента која доаѓа.

Есенски тренд: Оваа нијанса на руса коса полека ги освојува сите социјални мрежи

Што е тоа што ја чини оваа нијанса на русата коса толку атрактивна? Токму фактот дека е сосема поинаква од тоа што досега сме имале можност да го видиме, како и фактот дека со оваа боја дополнително ќе го истакнете вашето лице. Малку атипична, таа е идеална за девојките со светол тен, а се препорачува акцентот да биде на самиот крај од косата со цел да се создаде прекрасна рамка околу вашето лице. Но, тоа не значи дека таа ќе изгледа добро само на девојките со светла кожа. Златно-розовата руса коса одлично ќе стои на секоја девојка која сака да внесе малку новитет во својот изглед оваа есен. Нашата препорака е пред да се одлучите за овој тренд, да се консултирате со фризер/ка и најпрво, да се препуштите на нивните вешти раце. Сигурни сме дека ќе ја оживеат вашата замисла и ќе внесат магија во вашиот изглед. Па, што мислите, дали би го пробале овој тренд?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар