Есенски модни комбинации според формата на телото

Есента полека ни пристигнува, а тоа значи дека со неа доаѓаат и многу нови модни правила, но и трендови кои треба да ги разгледате и да го изберете она што најмногу му прилега на вашиот стил. Есенските модни комбинации бараат поголемо внимание и труд, за разлика од летните каде што за една модна комбинација се доволни фустан, здолниште или блуза. Освен тоа, сите есенски парчиња облека треба да ги сложите за да изгледаат убаво, да бидат атрактивни, привлечни, но сепак удобни. Освен тоа, исто така, треба да се обидете тие да прилегаат на вашата градба на тело. Ако имате многу дилеми и проблеми околу ова, тогаш сигурни сме дека ќе пронајдете некоја идеја за вашата совршена есенска модна комбинација во продолжение.

1-esenski-modni-kombinacii-koi-odgovaraat-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

1. Високи девојки

Доколку сте доста високи, тогаш знаете дека вашиот најголем проблем се високите потпетици во кои изгледате како облакодери. Но, како и секоја жена, како да им одолеете на овие штикли? За среќа, со помош на одредени парчиња облека вие можете визуелно да ја намалите вашата висина. Тесните или фармерките со рамен крој, во комбинација со блуза која има хоризонтални пруги ќе допринесат да не изгледате толку многу високо. Целата комбинација надополнете ја со подолго сако или некој мантил, па тогаш слободно ќе можете да ги облечете вашите омилени високи потпетици.

2-esenski-modni-kombinacii-koi-odgovaraat-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

2. Ситни девојки

Доколку немате изразени облини, но немате ни висина, тогаш и вие треба визуелно да манипулирате со вашиот изглед. Фармерките со малку подлабок струк, кои се шират во ногавиците како ѕвонче, со некоја поширока блуза, кошула или џемпер, задолжително вовлечени во фармерките, ќе бидат одличен начин за да додадете малку волумен во вашиот изглед.

3-esenski-modni-kombinacii-koi-odgovaraat-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

3. Девојки со фигура на песочен часовник

Кога имате облини, а прилично тесен струк во однос на нив, тогаш слободно нагласете го струкот уште повеќе. Користете аксесоари како каиши и појаси, што ќе ги ставите врз блузата во пределот на струкот. Истото можете да го направите и врз фустанот или кое било друго парче облека за да го истакнете струкот и облините, односно да добиете многу привлечен и убав изглед. Кога е оваа градба во прашање подобро е да се одлучите за некои потемни тонови, сведени дезени, а акцентот да го ставите на модните детали.

4-esenski-modni-kombinacii-koi-odgovaraat-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

4. Девојки со градба на тело како „јаболко“

Кај ваквата градба на тело секогаш треба да го нагласите струкот, за визуелно да ги избегнете недостатоците. Покрај сето ова, овие девојки најчесто се карактеризираат и со убаво градени нозе, па секогаш обидувајте се да ги истакнете и нив. Есента не е нивниот најдобар пријател, па искористете ги чизмите до или над колена, за да ви биде пријатно и топло.

5-esenski-modni-kombinacii-koi-odgovaraat-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

5. За сечија градба

Ваквите модни комбинации генерално одлично им прилегаат на сите девојки, без разлика на нивната градба. Тесни фармерки во комбинација со малку пошироки дуксер, џемпер или блуза, надополнети со високи потпетици и мантил, ќе бидат сето она што ќе ви биде потребно за да постигнете совршен есенски изглед.

6-esenski-modni-kombinacii-koi-odgovaraat-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

Бидете модерни во текот на есента, а за оригинални модни комбинации погледнете ги овие супер стилски идеи за вашите есенски модни комбинации.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар