Есенска храна која ќе ви помогне да ослабете

Есенска храна која ќе ви помогне да ослабете

Есента ни носи голем број вкусни плодови, кои покрај тоа што ќе ви ја наполнат трпезата, одлични се за здравјето и за топењето на вишокот килограми.

Есенска храна која ќе ви помогне да ослабете

Костени

Костените содржат големо количество на витамин Ц, што не е карактеристично за јаткастите плодови. Покрај тоа костенот изобилува со скроб, што дава многу енергија, а масти скоро и да нема. Се препорачуваат како ужина за намалување на гладот и со нив успешно ќе ги избегнете другите грицки.

Тиква

Тиквата се нарекува и кралица на есента и тоа со право, бидејќи има само 28 калории на 100 грама. Полна е со сложени јаглени хидрати кои го одржуваат нивото на шеќер во крвта, а бета каротинот и витамините Б, Ц и Е се одлични за вашето здравје. Испечената тиква е брз и здрав оброк кој не дебелее и е одличен за вас.

Прокељ

Прокељот има само 43 калории на 100 грама, а покрај тоа има и единствен состав на хранливи материи. Во себе содржи фолна киселина, калциум, магнезиум и витамини А, Б и Ц.

Калинка

Калинката е полна со антиоксиданси кои го штитат организмот од слободните радикали, а покрај тоа полни се со хранливи влакна и фолна киселина. За сите оние што сакаат да се ослободат од вишокот килограми, калинките се одлични затоа што ја смалуваат можноста за таложење на мастите во организмот.

Мандарини

Мандарините прават чуда за вашата кожа, правејќи ја блескава и свежа. Полни се со калциум, магнезиум, калиум и цинк, како и со витамините Б и Ц. Витаминот Ц помага за топење на мастите во телото и помага за произведување на Л-карнитинот, кој го забрзува метаболизмот, кој пак дополнително ги согорува мастите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар