Ерих Фром за уметноста на живеењето: И најмалата одлука е важна!

Ерих Фром за уметноста на живеењето: И најмалата одлука е важна!

Ерих Фром бил познат германски психоаналитичар, хуманистички филозоф и демократски социјалист. Тој бил и еден од основачите на Институтот за психијатрија, психоанализа и психологија во Њујорк. Фром има оставено многу дела зад себе, а едно од нив, во кое тоа објаснува колку се одлуките важни за животот, следува во продолжение…

Ерих Фром за уметноста на живеењето: И најмалата одлука е важна!

Нашиот капацитет на избори непрестајно се менува низ животот. Што повеќе погрешни одлуки носиме, толку потврдо ни станува срцето. Од друга страна пак, што повеќе правилни одлуки носиме, толку помеко ни е срцето – и уште подобро, пополно со живот.

Секој чекор во мојот живот што ја зајакнува мојата самоувереност, мојот интегритет, мојата храбрости и моите верување, исто така го зголемува и мојот капацитет за избор помеѓу саканите и несаканите алтернативи, сè додека конечно не ми стане потешко да се одлучам за несаканата отколку за саканата работа.

Наспроти тоа, секои предавство, кукавичлук или слабост отвораат пат кон понатамошни предавства и на крај, до губење на слободата. Помеѓу овие две екстреми во кои или со леснотија одлучувам да не направам погрешен чекор или ја немам потребната слобода да го направам правиот чекор, постојат безброј степени на слободен избор.

Во животната пракса степенот на слобода за избор варира во секој момент. Ако степенот на слобода за избор е висок, потребно е помалку напор за да се донесе правилната одлука. Ако е низок, потребно е многу напор, помош од другите луѓе и правилни околности.

Повеќето луѓе не успеваат во уметноста на животот, не поради тоа што се родени лоши или немаат доволно волја за да водат подобар живот, туку поради тоа што не се разбудиле во моментот кога стоеле на раскрсницата на која требало да донесат одлука.

Тие не се свесни во моментот кога животот им поставил прашање и кога им дал многу алтернативни одговори. После тоа, со секој нов чекор на погрешниот пат им станува сè потешко да признаат дека тој е навистина погрешен. Тие треба да се вратат онаму каде што тргнале во погрешна насока за да можат одново да го најдат правилниот правец, притоа размислувајќи дека сè ова досега било губење време и енергија.

Прочитајте и за овие 7 лесни начини за донесување тешки одлуки!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар