Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома

Брзо, лесно и едноставно, без потреба од печење

Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома

Потреби состојки:
  • 140 г бадеми (можете да додадете и ореви и лешници)
  • 15 урми
  • 60 г суви боровинки (или некое друго суво овошје)
  • 45 г овесни снегулки
  • 2 лажици какао
Начин на подготовка:

Ставете ги бадемите во блендер и убаво иситнете ги. Додадете го какаото, боровинките и овесните снегулки и повторно убаво измешајте. Додека работи блендерот почнете да ги додавате урмите една по една, но претходно извадете ги семките. Кога ќе добиете хомогена смеса, тестото е спремно.

Ставете го тестото во една тава постелена со хартија за печење. Израмнете го тестото од горната страна и ставете го во ладилник да отстои 1 час. Потоа исечете 6 парчиња и уживајте во вкусот.

Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома Енергетски чоколатца кои можете да ги направите дома

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар