Ема Вотсон ги споделува своите едноставни трикови за убавина

Ема Вотсон ги споделува своите едноставни трикови за убавина

Фактот дека никогаш не сме престари за добра бајка го потврдува и моментот кога излезе првиот трејлер за филмот Убавицата и ѕверот. Сите ние со нетрпение ја чекаме премиерата на филмот, за да се навратиме на незаборавните моменти во детството кога сме уживале во анимираната верзија на истата приказна. Имајќи го тоа на ум, зарем има подобар избор од Ема Вотсон за улогата на прекрасната убавица?

Ема Вотсон ги споделува своите едноставни трикови за убавина

Младата актерка порасна пред камерите, и тоа токму со филм за магионичари, па слободно можеме да кажеме дека светот на магијата одлично ѝ прилега. Од друга страна пак, таа растела и покрај цел тим мејкап експерти и признава дека од нив научила многу трикови за одржување на убавината. Токму затоа и решила да ги сподели своите тајни за нега на кожата со останатите дами ширум светот.

1. Најважна е правилната нега на кожата

Ема многу внимание посветува на нејзината кожа и се труди никогаш, дури и оние денови кога работи од сабајле до вечер, да не ги прескокне своите секојдневни чекори за одржување на негата. Според неа, беспрекорната кожа е најдобра подлога за шминка.

2. Ништо не се прави без заштита од сонце

Оваа точка за младата актерка е од исклучителна важност. Поради својот светол тен и нежна кожа, таа никогаш не излегува од дома без заштитен фактор 15, што го препорачува на сите дами.

3. Добриот избор на руменило е од големо значење

И покрај тоа што таа се труди да го избегне руменилото, бидејќи има чувствителна кожа, сепак кога решава да го нанесе се определува за розова нијанса. На тој начин кожата секогаш ѝ изгледа природно и здраво.

4. Карминот ја содржи целата моќ

Од различните шминкери таа научила дека карминот за усни е тајното оружје што го исполнува изгледот на една жена. Таа најчесто носи нежни нијанси за дневните настани, а потемни верзии за вечерните.

5. Забава со боите

Ема од сè срце им препорачува на младите дами да експериментираат со боите. Таа сака светли нијанси, весели бои и најважно ѝ е да ја одбере истата онаа боја што ја носи на усните и за ноктите.

Во продолжение прочитајте и за 10-те мудри животни лекции од Ема Вотсон!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар