Експлозија на вкусови: Посни чоколадни бомбици од само 5 состојки

Не знаеме дали забележавте, но бомбиците се апсолутен тренд во исхраната. Исто како што минатата година беа актуелни плочките (мусли, протеински, енергетски), така се сега бомбиците и ние сме сигурни дека ќе ги посакате на вашата трпеза, а за тоа да биде навистина така постојат три причини. Првата, се приготвуваат многу лесно. Втората, најчесто за нив се доволни само неколку состојки. Третата, и најважната, по правило се поздрави од купечките десерти.

1-eksplozija-na-vkusovi-posni-chokoladni-bombici-od-samo-pet-sostojki-www.kafepauza.mk_

За денешната посна трпеза ви ги предлагаме овие чоколадни бомбици, за кои се потребни само 5 состојки, од кои 2 се зачини. Значи, ако ги одземеме зачините, остануваат три состојки. Освен тоа, ќе ви биде доволно половина час за да ги приготвите.

Причината за споделување на овој рецепт е нивниот интензивен чоколаден вкус, но и со оглед на тоа дека аромата на бомбиците е навистина моќна, ќе ви бидат потребни само две-три за да ја задоволите вашата желба за нешто слатко.

2-eksplozija-na-vkusovi-posni-chokoladni-bombici-od-samo-pet-sostojki-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки (за 24 помали топчиња):
  • 200 грама кандирани урми
  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 1 кафена лажичка рум (може и без неа, доколку не сакате вкус)
  • Прстофат сол
Начин на подготовка:

1. Проверете дали урмите се меки. Доколку не се, потопете ги во вода и оставете ги да отстојат најмалку еден час.

2. Урмите исчистете ги од семките, па заедно со какаото, кокосовото масло, румот и солта ставете ги во блендер. Блендирајте неколку минути додека смесата не стане мазна. По потреба, доколку смесата е премногу густа, додајте една лажичка вода.

3. Од смесата направете топчиња така што ќе ги вртите помеѓу дланките. Бидејќи имаат интензивен вкус, нека бидат помали. Оваа смеса ќе ви биде доволна за отприлика 24 топчиња.

4. По ваш избор, секое топче декорирајте го со малку какао во прав, кокосово брашно, рендано чоколадо, мелени бадеми или лешници. Можете да ги чувате во фрижидер неколку недели.

3-eksplozija-na-vkusovi-posni-chokoladni-bombici-od-samo-pet-sostojki-www.kafepauza.mk_

Совет плус:

Доколку сакате меки, кремасти бомбици, консумирајте ги веднаш по подготовката. Доколку сакате поцврста текстура, оставете ги да отстојат во фрижидер најмалку половина час.

Доколку сакате да го изненадите вашето семејство или пријателите, подгответе некој од овие рецепти кои се одлични за во есен.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар