Егзотично, романтично и мистериозно: Модна инспирација за сите девојки кои обожаваат бохо стил

Бохо стилот е слободен, лелеав, малку див и егзотичен, малку мистериозен, но и романтичен. Бохо стилот е всушност сето она што ви е потребно за совршено, стилско лето, а воопшто не е тешко да го вклучите во вашите секојдневни модни комбинации. Еве кои се клучните правила.

1-egzotika-romantichnost-i-misterioznost-modna-inspiracija-za-site-devojki-koi-obozhavaat-boho-stil-www.kafepauza.mk_

1. Тексас + бохо блузи

Што е повеќе бохо од тексас? Уште и доколку е малку ретро, поразличен, но и прилично едноставен. А што е она што совршено се комбинира со него? Секако, лелеави бохо блузи со карнери, панделки или нешто сосема спротивно – едноставни модели. На вас останува да изберете, а ова е само основа за вашиот бохо стилски изглед.

2-egzotika-romantichnost-i-misterioznost-modna-inspiracija-za-site-devojki-koi-obozhavaat-boho-stil-www.kafepauza.mk_3-egzotika-romantichnost-i-misterioznost-modna-inspiracija-za-site-devojki-koi-obozhavaat-boho-stil-www.kafepauza.mk_4-egzotika-romantichnost-i-misterioznost-modna-inspiracija-za-site-devojki-koi-obozhavaat-boho-stil-www.kafepauza.mk_

2. Комбинезони

Ако оваа модна комбинација ви е веќе видена, заменете ја со ултра модерен комбинезон. Постојат толку модели на комбинезони кои се во бохо стил, особено ако имаат широки ракави, ногавици, ако се со занимлив принт кој вклучува пруги, цвеќе и слично. Исто така, инспирирајте се и од винтиџ стилот, па слободно погледнете дали вашата мајка крие нешто занимливо во нејзиниот гардеробер.

5-egzotika-romantichnost-i-misterioznost-modna-inspiracija-za-site-devojki-koi-obozhavaat-boho-stil-www.kafepauza.mk_6-egzotika-romantichnost-i-misterioznost-modna-inspiracija-za-site-devojki-koi-obozhavaat-boho-stil-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите модни идеи…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар