Ефективна модна формула за склопување совршени модни комбинации

Ефективна модна формула за склопување совршени модни комбинации

Факт е дека ние жените си ги обожуваме плакарите и облеката, но без разлика на тоа, сепак сакаме да го живееме животот убаво облечени, а не да го трошиме времето на изборот на облека. Според истражувањата, жените трошат и до 50 часа месечно одлучувајќи што да носат. Девојки, време е за промена. Успеавме да ја пронајдеме модната формула со која можете да изгледате совршено, а притоа да не потрошите скапоцено време. Уште една предност на оваа формула е тоа што таа одговара на сите пригоди – од викенд кафе до вечерно излегување.

0-efektivna-modna-formula-za-sklopuvanje-na-sovrsheni-modni-kombinacii-kafepauza.mk

Магичната комбинација се состои од: едно секојдневно парче (нешто што мора да го имате во плакарот – бела маичка, кошула, фармерки, здолниште во А-линија…) + едно интересно парче (елемент со кој ќе оставите впечаток – преку боја, дезен, текстура…) + едно парче со кое комбинацијата ќе има повеќе смисла или додатен елемент кој ќе го зачини самиот изглед (јакна, џемпер или марама, капа, каиш за потоплите месеци) + стандардни модни додатоци (парчиња без кои никогаш не би излегле од дома – чанта, накит, обувки, очила за сонце…)

Убавината на формулава е во тоа што преку неа се создаваат изгледи кои се интересни, а сепак во чекор со најновите модни трендови. Исто така, носите доволно интересни додатоци за да не изгледате здодевно или едноставно. Всушност, оваа формула честопати ја сретнуваме кај модните блогерки – девојки кои одлично се снаоѓаат со уметноста на комбинирањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар