Едноставно прашање што ќе ви открие каква е вашата љубовна врска

Едноставно прашање што ќе ви открие каква е вашата љубовна врска

Веќе неколку години сте во сериозна врска или брак и мислите дека односот со партнерот ви е здрав и хармоничен, но можно е да се лажете себеси. Ова едноставно прашање ќе ви ја открие вистината.

Едноставно прашање што ќе ви открие каква е вашата љубовна врска

Ако сакате да дознаете колку е добра вашата врска запрашајте се колку често се смеете заедно. Според некои истражувања, паровите кои често се смеат заедно имаат поквалитетна врска од останатите. Имено, истражувачите собрале 71 хетеросексуален пар и потоа паровите раскажале како се запознале. Научниците броеле колку пати партнерите се насмеале заедно додека раскажувале.

Паровите кои се смееле заедно имале поквалитетна врска, посилно чувство на блискост и поголема поддршка. Освен тоа, од 1400-те насмевки што ги снимиле истражувачите, 62% биле од жените. Но, машкото смеење било позаразно што предизвикувало и жените да се смеат заедно со нивните партнери. Тоа возвраќање на насмевката имало посебно влијание на мажите.

Сепак, не може да се донесе генерален заклучок од само 71 пар, но ваквите резултати се поддржани и од некои претходни истражувања. Заклучокот што може да се извлече е дека сеќавањето на убавите моменти имаат благотворно влијание на врската, а смеењето игра главна улога во сето тоа. Паровите кои се сеќавале на моментите кога се смееле заедно во врска со нешто го оцениле квалитетот на врската со поголема оценка. Научниците цврсто веруваат дека преку смеата можете да ја зголемите хармонијата во врската и да го зацврстите односот во целост.

Еве еден едноставен совет за вас: Смејте се заедно што е можно почесто, кажувајте си шеги и шегувајте се едни со други. Тоа е наједноставниот и најефективниот метод кој ќе ви помогне да имате љубовна врска каква што отсекогаш сте посакувале.

За да го потврдите квалитетот на вашата љубовна врска, прочитајте ги и овие 26 знаци дека сте фантастичен пар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар