Едноставни и сочни мафини за кои ви се потребни само 5 состојки

Богати чоколадни колачи кои се толку едноставни за подготовка, а сепак толку вкусни и сочни

ednostavni-i-sochni-mafini-za-koi-vi-se-potrebni-samo-4-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 2 јајца
  • 50 грама шеќер
  • 340 грама Нутела
  • 90 грама брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Заедно изматете ги јајцата и шеќерот.
  3. Додајте ја Нутелата и мешајте додека состојките не се соединат.
  4. Во друг сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додајте ја смесата од јајца и Нутела. Мешајте сè додека не добиете еднолична смеса.
  5. Калапот за мафини наполнете го со смесата до 2/3 во висина.
  6. Печете ги мафините од 10 до 15 минути или додека врвовите не бидат сјајни и испукани, а средината мека.
За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар