Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Сите знаеме дека правилната исхрана е многу важна, а уште како мали ни велеле да се храниме здраво. Да јадеме многу овошје и зеленчук, да пиеме многу вода, да одбегнуваме слатки и брза храна… но не можеме секогаш, нели? Нутриционистите даваат неколку лесни и интересни начини за тоа како можеме секојдневно да се храниме поздраво.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Банани наместо сладолед

Иако обожувате да јадете сладолед, ве гризе совест дека не се храните доволно здраво? Не мора да се одрекувате од слаткото задоволство. Замрзнете неколку банани, а потоа подгответе ги во блендер. Ќе го имате истото она чувство дека јадете нешто добро и калорично.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Спанаќ

Правете си ги јадењата кои ги сакате, но додавајте спанаќ во нив. Додадете свеж и добро измиен спанаќ во пилешко, сендвич, омлет… Спанаќот содржи растителни влакна, антиоксиданси, витамин А и носи многу благодети за вашиот организам. Спанаќот е еден од најуспешните борци против рак.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Семе од лен

Додадете семе од лен во вашата плескавица или кога подготвувате палачинки. Покрај тоа што има добар вкус, семето од лен, е вистински пријател на срцето.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Сечкан зеленчук

Додавајте сечкан зеленчук во вашето јадење секогаш кога имате можност, особено во подготовка на сосови за месо или тестенини. Тиквичките, морковите и кромидот одат одлично со сос од домати и плус прават да изгледа подобро.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Салса сос

Направете си свој салса сос. Многу лесно ќе го направите, преполн е со витамини и има многу здравствени придобивки. Исечкајте ги на коцки следниве состојки: домати, кромид,  авокадо, жолти пиперки. Додадете сечкан магдонос, целер, црн пипер, сол и малку исцеден лимон.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Здрави грицки

Во вашата торба носете мало пакување бадеми за кога ќе добиете нагон за закуска. Калорични се и заситуваат, но се многу поздрави за разлика од чипсот или слатките.

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар