Едноставна утринска вежба од 5 минути која ќе ви го промени животот

Тешко е да се одвои време за утринско вежбање, особено кога сте многу зафатени и целиот распоред ви е пополнет со деловни и семејни обврски. Како изгледа вашето утро? Туширање, кафе, појадок, одење на работа…? Одвојте само 5 минути од вашето утринско време за оваа вежба, затоа што таа има моќ целосно да ви го промени животот.

Едноставна утринска вежба од 5 минути која ќе ви го промени животот

Вежбата се нарекува „Поздрав на сонцето“ или „Surya Namaskara“. Всушност, станува збор за практикување утринска јога од 5 минути која ќе ви помогне успешно да се справите со претстојниот ден. Освен тоа, таа лесно се прави и е погодна за секој. Еве кои придобивки ви ги нуди оваа вежба:

  • Го обновува нервниот систем
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Го подобрува здравјето на белите дробови
  • Го стимулира дигестивниот систем
  • Ги намалува мастите во телото
  • Ја подобрува работата на бубрезите
  • Поттикнува правилно држење
  • Го чисти вашиот ум од измешани мисли
  • Ја центрира вашата енергија
  • Совршено ве подготвува за претстојниот ден

Погледнете го видеото и мотивирајте се!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар