Едноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за вас

Вашата вистинска љубов е човекот кој се појавува во вашиот живот и останува во него, без да се трудите околу тоа. За да ја препознаете вашата сродна душа не треба да решавате загатки. Тоа не е мистериозна тајна што треба да ја дешифрирате. Не е нешто што треба да си го докажувате себеси со знаци и причини зошто сте совршени еден за друг. Вашата вистинска љубов нема да ве натера да барате докази или да ја предвидувате иднината.

Едноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за вас

Љубовта на вашиот живот се појавува во сегашноста. Тоа не е човекот кој мислите дека еден ден можеби ќе ве засака или личноста која знаете дека ве сака, но „моментално не е подготвена за врска“. Тоа не е ниту личноста која сака да се гледа со други луѓе, бидејќи не е сигурна дали треба да бидете заедно. Тоа не е човекот со кого само се допишувате и никогаш не ви изјавува чувства, ниту пак личноста со која не поминувате многу време, а сепак наоѓате причини за карање.

Личноста која ви е судена ќе биде со вас. Кога сте премногу неодлучни и несигурни, кога поголемиот дел од вашата врска го минувате во сивата зона на „не знаеме на што сме“, одговорот е дека не сте на ништо, но се плашите да признаете.

Љубовта на вашиот живот ќе сака да поминува време со вас и нема да размислува 2 пати пред да реши дали целосно ќе ви се посвети. Тоа е човекот со кого ќе се расправате за нечистите садови и плановите во петок навечер, а не околу тоа дали еден ден конечно ќе започнете врска.

Вашата вистинска љубов е личноста која ќе ви помогне да се чувствувате пријатно во своја кожа. Личноста која ќе ги победи сите ваши стравови и ќе успее да ве види во вистинско светло како целина. Тоа е човекот со чие присуство ќе направи вашиот живот да расцути како никогаш дотогаш, а не личноста која ќе ве зароби и ќе ве оддалечи од вашите соништа. Љубовта на вашиот живот е човекот со кого односот едноставно функционира и одлично се согласувате без да вложите голем напор.

Едноставна љубовна вистина: Љубовта на вашиот живот е човекот кој секогаш ќе биде тука за вас

Луѓето не се толку комплицирани колку што мислиме. Човечките суштества се своеволни битија кои генерално ги прават работите што сакаат да ги прават. Понекогаш тоа се случува на сметка на нечии чувства. Но, тоа не е вистина кога се работи за романтичната љубов.

Ако некој не е со вас, тоа значи дека не сака да биде со вас. Ако не ви се јавува, тоа значи дека не сака да разговара со вас. Ако не се врзува, тоа значи дека не сака да се врзе. Тоа се случува во реалноста, без разлика колку противаргументи имате за да ја побиете бруталната вистина. Привлечноста и страста се чести појави, но посветеноста е поретка. И тоа е добро. Тоа ги издвојува врските што функционираат од врските што пропаднале.

Љубовта на вашиот живот е човекот кој ќе биде тука за вас и кој нема да размислува дали сака или не сака да биде со вас. Тоа не значи дека нема воопшто да се карате, но тоа ќе биде личноста на која ќе сакате да ѝ се јавите пред да заспиете. Личноста со која сте духовно поврзани.

Љубовта не е болна, туку загубата. Ќе ви биде уште потешко доколку одбивате да прифатите дека личноста која не се плаши да ве изгуби, не ве љуби вистински. Почекајте додека не го најдете човекот кој нема да ве тера да се прашувате и сомневате секој ден. Личноста со која треба да бидете е онаа со која ќе бидете без дополнителни проблеми и компликации. Не си го трошете времето на луѓето кои не ве заслужуваат.

Во продолжение прочитајте како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар