Едноставен водич кој открива дали вашата врска може да преживее неверство

Неверството боли, но и покрај него, многу бракови успеваат со тек на време да станат уште посилни. Дали помеѓу нив е и вашиот?

1-ednostaven-vodich-koj-otkriva-dali-vashata-vrska-mozhe-da-prezhivee-neverstvo-www.kafepauza.mk_

Една од многуте прашања кои се наоѓа во главата на многу парови е – „Дали бракот може да го преживее неверството?“

Краткиот одговор би гласел: ДА. Меѓутоа тоа е вистина само доколку во врската можете да препознаете некои од овие знаци кои укажуваат на тоа дека таа е посилна дури и од неверството:

  • Секојдневно гледате работи кои јасно ви велат дека е возможно повторно да изградите доверба помеѓу вас двајца – под услов дека аферата е целосно завршена.
  • Сите контакти со личност со која партнерот извршил неверство се прекинати.
  • Партнерот ве известува за сите обиди на личноста со која извршил неверство да го контактира.
  • Партнерот напорно работи за повторно да ја обнови вашата врска.
  • Давате сѐ од себе за повторно да воспоставите доверба помеѓу вас.
  • Партнерот учи како да биде трпелив кога ќе се појават вашите сомнежи во врска со тоа дека повторно нешто не е како што треба.
  • Партнерот е трпелив кога е потребно да одговори на вашите прашања, иако има чувство дека го направил тоа веќе неколкупати.
  • Не е толку обземан со срам заради тоа што го направил за да не може да ви помогне да излезете на крај со вашите проблеми.

2-ednostaven-vodich-koj-otkriva-dali-vashata-vrska-mozhe-da-prezhivee-neverstvo-www.kafepauza.mk_

Ако двајцата сакате успешно да се изборите со болката која неверството ја предизвикува, постојат и одредени работи кои личноста која го направила неверството мора да ги направи:

  • Морате да имате целосна доверба во партнерот.
  • Исто така, морате да знаете дека ќе има моменти кога партнерот нема да биде 100% сигурен во вас.
  • Обидете се да сфатите сѐ во врска со тоа зошто дошло до неверство, но без меѓусебно обвинување.
  • Направете сѐ што можете за повторно да ја поставите врската на здрави нозе.

Секако, неверството може да го разниша и најстабилниот однос, а пред да простите, погледнете кои прашања треба да ги поставите пред да простите неверство.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар