Едноставен трик за подобар ефект на сувиот шампон

Едноставен трик за подобар ефект на сувиот шампон

Откако е измислен сувиот шампон, може да се каже дека во светот на негата и убавината се случи вистинска револуција. Овој производ е еден од најпродаваните и најпопуларните, а го има речиси секоја жена чија коса често се масти или останува без волумен само еден ден по миењето.

Едноставен трик за подобар ефект на сувиот шампон

Во зависност од тоа за каков тип коса е наменет, сувиот шампон додава волумен, ја впива маснотијата или ја хидрира сувата коса. Сепак, постои еден трик со кој ефикасноста ќе биде уште подобра, особено кај масната коса без волумен.

Нанесете го сувиот шампон во коренот на косата, протријте го со прстите, а потоа земете фен и кратко дувајте во косата. На овој начин ќе го разнесете сувиот шампон кон остатокот од косата.

Едноставен трик за подобар ефект на сувиот шампон

Овој трик го открил познатиот фризер Даниел Мартин, кој како свои редовни клиентки има многу славни дами, меѓу кои и Хилари Свонк, Џесика Алба и Деми Ловато.

Дополнително, тој советува за време на фенирањето, со прстите да поминуваме низ косата, за уште подобар ефект.

Прочитајте и 7 ноќни навики кои ја уништуваат вашата коса без да знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар