Едноставен трик кој треба да го знаете ако практикувате спиење на стомак

Едноставен трик кој треба да го знаете ако практикувате спиење на стомак

Познато ли ви е она нешто што знаете дека е лошо за вас, но сепак продолжувате да го практикувате? Покрај јадењето слатки работи, тука спаѓаат и некои начини на спиење. На пример, и покрај тоа што многумина знаат дека спиењето на стомак е најлошата позиција која не влијае добро на вашето здравје, сепак, тие не можат да се откажат од неа.

Едноставен трик кој треба да го знаете ако практикувате спиење на стомак

Ако и вие спаѓате во оваа група, тогаш треба да го погледнете овој едноставен трик кој ќе ви биде од корист ако и покрај сѐ не можете да ја замените вашата удобна позиција со ништо друго. За ова ќе ви биде потребно дополнителна перница. Така, легнете рамно на вашиот стомак, прицврстете ја дополнителната перница под вашите колкови и можете да одморате. Се прашувате зошто помага ова? Спиењето на вашиот стомак е лошо затоа што го отежнува правилното држење на ‘рбетот, што ве прави поподложни на болка во грбот и вратот. Поголем дел од тежината ја носите на средниот дел од телото, па потпирајќи се на вашите колкови, вие му помагате на вашето тело.

Па, вреди да го испробате овој трик со цел да си овозможите подобро здравје.

Погледнете и што открива за вашиот карактер положбата на спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар