Едноставен трик кој можете да го направите самите за да ги намалите менструалните болки

Кај некои жени е повеќе изразен, а кај некои помалку, но едно е заедничко: Предменструалниот синдром, познат како ПМС, многу често е придружен со остри болки во стомакот. Повеќето жени настојуваат овој проблем да го третираат со лекови против болки или со топла бања, но има и такви кои знаат за еден мал домашен трик кој би требало да ви помогне за решавање на овој проблем.

Едноставен трик кој можете да го направите самите за да ги намалите менструалните болки

За негово приготвување потребни ви се само алкохол (по можност етанол) и малку памук. Натопете го памукот во алкохол и исцедете го вишокот. Потоа ставете го на папокот, прицврстете го со медицинска лента или фластер, па оставете го да стои од 30 до 40 минути. Повторувајте го ова два пати дневно. Овој метод може да биде успешен само под услов целосно да се опуштите. Но, доколку болките продолжуваат, а не можете да ги намалите со лекови, тогаш задолжително побарајте помош од лекар.

Доколку се чувствувате мизерно во „оние“ денови од месецот, прочитајте и како да ги ублажите предменструалните симптоми.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар