Едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали вашата коса е оштетена

Сушењето, пеглањето, агресивното четкање, сонцето и многу други работи ѝ предизвикуваат штета на вашата коса. Колку и да се обидувате со користење различни производи, невозможно е целосно да се заштитите. Иако е нормално да се очекува косата да ви биде малку сува, обидете се со овој начин за да проверите дали ви е потребна поголема нега отколку вообичаената.

Едноставен трик кој ќе ви помогне да откриете дали е оштетена вашата коса

Потребно ви е чаша вода и влакно од косата. Наполнете ја чашата барем три четвртини, а потоа ставете ја косата во неа. Доколку плови, вашата коса е здрава, а доколку потоне, тоа значи дека ви е оштетена. Сето тоа се должи на порозноста на косата, односно колку таа апсорбира. Доколку кутикулите (надворешниот слој) е изложен на редовна употреба и оштетување, водата ќе го отежне и ќе направи косата да потоне.

Доколку откривте дека косата ви е оштетена, користете неделно или двонеделно маска за зајакнување на вашата коса. Уште подобро е доколку сте во можност да ги избегнувате сите оние работи кои дополнително ви нанесуваат штета.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар