Едноставен тест со кој можете да дознаете дали вашите гради се нормални и здрави

Жените често се сомневаат во својот физички изглед и ги проучуваат нештата под „лупа“. Токму затоа и секоја жена, барем еднаш во својот живот, ќе се запраша дали нејзините гради се нормални, односно дали отскокнуваат од просекот по здравје, пропорции, облик и други детали…

Едноставен тест со кој можете да дознаете дали вашите гради се нормални и здрави

Кај повеќето жени градите не се со еднаква големина бидејќи левата града е најчесто поголема од десната. Иако разликата е едвај забележлива, големината може да варира. Влакната околу брадавиците се исто така нормални, но изразени се кај оние жени со полицистични јајници или некоја друга состојба поврзана со хормонална нерамнотежа. Доколку ви пречат, најдобро е да ги скратите со ножички и да избегнувате да ги отстранувате со пинцета бидејќи на тој начин може да настанат поткожни влакна.

Големината на градите не е поврзана со големината на брадавиците, додека пак и двете зависат најмногу од генетиката, а потоа и од вкупната количина масни ткива во телото. Жените со поголем број килограми по правило имаат и поголеми гради, додека пак оние кои се послабички имаат помали гради. Исто така воопшто не е необично да се најдат големи брадавици на мали гради или пак, мали брадавици на големи гради.

Градите можат да се зголемат по природен пат, така што ќе ги вежбате мускулите над нив. На овој начин ќе ги подигнете градите, а токму затоа и тие ќе изгледаат многу поголемо. Ако од вашите брадавици излегува течност, а не сте бремени или пак, неодамна сте родиле дете, тогаш добро би било доколку го посетите вашиот гинеколог. Што се однесува до бојата на брадавиците, таа зависи од самата жена, па токму затоа и некои имаат светло розови, додека пак други кафеави. Бојата на брадавиците се менува за време на бременоста и доењето, така што станува потемна.

Стриите на градите се сосема нормална појава по брзото растење во пубертетот, за време на бременоста или пак, по здебелувањето. Со тек на време тие ќе станат помалку видливи. Од 10 до 20 проценти од жените имаат една вовлечена брадавица и тоа не е проблем доколку отсекогаш била таква. Грутките во градите не се веднаш знак за грижа бидејќи поголемиот дел од жените имаат цисти кои не се опасни. Но, ако се појави нова грутка или чувствувате болка, веднаш посетете го вашиот доктор.

Погледнете го видеото за подетално објаснување…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар