Едноставен начин да си го подобрите расположението и да ја намалите анксиозноста

Сосема е нормално понекогаш да бидете лошо расположени. Можеби дури и да не ја знаете причината, но сепак да се чувствувате лошо. Но понекогаш треба да најдете начин да го промените вашиот фокус за да можете да продолжите напред.

ednostaven-nachin-da-si-go-podobrite-raspolozhenieto-i-da-ja-namalite-anksioznosta-kafepauza.mk

„Животот е добар колку што човекот мисли дека е.“

Штом ќе престанете да се фокусирате на лошите работи, вашето расположение ќе се подобри и сè ќе си дојде на свое место. Постои една техника која ќе ви помогне во ова. Целта е да се заблагодарите однапред за тоа дека сè ќе оди по планираното.

Запишете што е вашиот страв или грижа, а потоа додадете „Ми се допаѓа како излезе ______.“

Како функционира ова?

  • Оваа техника ве става во ситуација како веќе да сте го добиле тоа што го сакате, а тоа пак ќе ве смири.
  • Техниката ви помага да престанете со претераното размислување, да се опуштите и да се ослободите од грижите.

Кога се фокусирате на причината за вашата анксиозност, или пак за нешто што воопшто не се случило, нормално е да бидете разочарани бидејќи тоа создава отпор. Вашиот живот е скапоцен, а со моќта на вашата фантазија вие имате сила и моќ да се ослободите од секое лошо расположение. Сето тоа е во вашиот ум. Исто така имајте на ум дека нашето време овде е ограничено. Бидете свесни дека е доволно да се заблагодарите и за денешниот ден. Тоа ќе ви помогне да добиете некаква перспектива.

За да промените нешто надвор, мора прво да се промените себеси.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар