Еднодневна детоксикација во три чекори

Најмоќна алатка за прочистување на организмот е здравата исхрана. Со неколку лесно достапни овошја и зеленчук, можете да ги исфрлите сите токсини од телото, за само еден ден.

1. Започнете го денот со зелено смуди (smoothie)

Зелениот и енергичен сок е совршен почеток за еднодневно прочистување на вашето тело. Со корисните ензими и влакна од овошјето и зеленчукот од кои се приготвува, ќе ги елиминирате токсините и ќе ја внесете неопходната дневна доза витамини и минерали.

Еднодневна детоксикација во три чекори

Потребни состојки:
  • 2 чаши студена вода
  • 1 просечна китка листови спанаќ
  • 1 просечна китка листови марула
  • 2 страка целер
  • 1 јаболко
  • 1 банана
  • 1 крушка
  • 2 чаши лимонов сок
  • коцки мраз, коријандер, магдонос
Начин на подготовка:

Добро измијте ги овошјето и зеленчукот. Внимавајте тие да бидат од органско производство. Најпрво исецкајте го зеленчукот и ставете го во блендер, кој ќе го вклучите на послаби вртежи. Откако смесата ќе стане хомогена, додадете ги претходно излупеното овошје, водата, лимоновиот сок и коцките мраз и зголемете ја брзината на блендерот. Ќе добиете околу четири чаши од густиот напиток, кој можете да го декорирате по ваша желба. Овошјето и зеленчукот полесно се разградуваат во организмот кога се во течна форма, па затоа и детоксикацијата е побрза и поефикасна.

2. Искористете ја моќта на лимоните – направете топла лимонада

Лимонот е едно од најсилните и најкорисни овошја. Содржи големи количини витамин Ц и ензими. Лимонот ги регенерира ткивата и ја активира работата на црниот дроб, кој пак, ја игра главната улога во целокупната детоксикација. Направете едноставна топла лимонада.

Еднодневна детоксикација во три чекори

Потребни состојки:
  • 1 чаша вода
  • 1/2 лимон
Начин на подготовка:

Стоплете ја водата, но внимавајте таа да не биде премногу жешка. Во неа истискајте половина лимон. Ова е неверојатно здрав и освежителен напиток, кој е пожелно да го конзумирате барем еднаш во денот. Вака приготвената лимонова вода можете да ја користите и како спреј за освежување на лицето и телото.

3. Завршете го денот со шолја егзотичен чај

Повторно потпрете се на благодетите на лимонот. Овојпат искомбинирајте го со ѓумбир и со луто пиперче и подгответе вкусен, егзотичен чај. Кога ќе ги измешате овие корисни и активни состојки, тие успешно се борат со штетните бактерии во организмот и ги исфрлаат токсините од вашето тело. Лимонот и ѓумбирот ја зголемуваат циркулацијата на крвта и помагаат во релаксација на напнатите мускули, а лутиот пипер ги разредува штетните секрети.

Еднодневна детоксикација во три чекори

Потребни состојки:
  • 1 лимон
  • 1/2 корен од ѓумбир
  • 1 луто пиперче
Начин на подготовка:

Исечете го коренот од ѓумбир на ситни парчиња, сипете им вода и ставете ги на шпорет за убаво да зовријат. Откако ќе се изладат, исцедете им половина лимон.  Да ве потсетиме дека лимоновиот сок ставен во многу жешка вода, ги губи корисните својства, па затоа бидете трпеливи. На крајот, процедете ја смесата и поросете  ¼  кафена лажичка лут пипер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар