Единственото нешто што треба да си го кажете на глас кога имате лош ден

Животот е полн со потешкотии и предизвици, но тоа не значи дека треба да потонете во вашата негативност. Колку често се соочувате со ситуации кои ве фрустрираат или растажуваат? Мислиме на оние моменти кои толку многу ве изнервирале што дури и сте кажале погрден збор. Како на пример кога доцните на важен состанок и баш тогаш си истурате кафе на кошулата. Потоа дознавате дека сте заборавиле да платите некоја важна сметка, а и сте го оставиле дома УСБ-то неопходно за денешната презентација. Сигурно сте имале повеќе вакви денови. Но, што да направите кога сѐ околу вас се распаѓа?

Единственото нешто што треба да си го кажете на глас кога имате лош ден

Постои една моќна позитивна афирмација која навистина може да ви го промени животот. Станува збор за реченицата „Ова е добро затоа што…“. Не е исто со „Ова може да биде добро затоа што…“ или „Ова ќе биде добро затоа што…“. Оваа реченица не остава простор за обид. Таа не прифаќа ништо помалку од ова Е добро.

Тешко е да се промени погледот кон работите, особено ако се соочуваме со еден куп пречки на патот. Во поголемиот број случаи, не веруваме целосно во нашите обиди да го промениме начинот на размислување. Не сме убедени дека постои светла страна на она што се случува. Колку што е попроблематична и постресна ситуацијата, толку потешко ни е да го извлечеме позитивното од неа затоа што делува како да не постои такво нешто моментално.

Но, секоја паричка има две лица. Јин и јанг на нашето постоење. Секогаш постои друга перспектива, дури и кога не можеме да погледнеме подалеку од она што е пред нас. Клучот лежи во тоа да излеземе надвор од ситуацијата, да ги погледнеме работите од птичја перспектива која не е блокирана од нашите емоции.

Започнете со тоа што ќе си кажете „Ова е добро затоа што“ и обидете се да дадете искрен одговор. Можеби нема да успеете од прв пат, но тоа е сосема во ред. Автоматското негирање со зборовите „Не, ова навистина не е добро“ нека ви биде мерка на тоа колку сте заглавени во конкретната ситуација.

Запаметете дека среќата е избор, затоа најдете ја светлата страна. Таа е тука, веднаш до онаа негативната. Оваа вежба ќе ви помогне да ја почувствувате моќта на сегашноста и да разберете дека вашиот поглед зависи од она што ќе одберете да го видите.

Бидете храбри, бидете искрени. Од срце завршете ја реченицата: „Ова е добро затоа што…“

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар