Единственото извинување што треба да го прифатите е променетото однесување

Во денешно време зборот „извини“ сосема го има изгубено неговото значење. Служи само како привремен фластер на рана што бара сериозна медицинска терапија. Велиме „извини“ само кога сакаме набрзина да ги поправиме работите, без да вложиме вистински труд.

Единственото извинување што треба да го прифатите е променетото однесување

Сетете се на последниот пат кога сте се извиниле. Секако дека навистина сте го мислеле тоа, но дали нештата се промениле? Дали воопшто сте планирале да се промените? Или евентуално пак сте се вратиле на старото однесување поради кое сте се нашле во неволја?

Нормално е тоа што љубовните парови се караат и понекогаш си ги повредуваат чувствата. За време на жестоката караница сите се во право и никој не сака да се повлече. Но, кога ќе се смири ситуацијата и сакаме да прогласиме примирје, единствено нешто што можеме да изговориме е „извини“. Нашата грижа на совест е вистинска, но почитта спрема другата личност е лажна. Доколку навистина сакате врската да функционира, ќе се обидете да ги поправите работите. Ќе се обидете да се промените.

Романтичните филмови ни даваат погрешна идеја за тоа како би требало да изгледа доброто извинување. Момците се извинуваат со тоа што пеат серенади под прозорецот на девојката или, пак, одржуваат засрамувачки говор пред сите присутни на некој важен настан. Ваквите дела се со добра намера, но не траат долго.

Тие неколку секунди додека се чувствувате посебно ќе избледат, доколку прекрасниот говор не биде поткрепен со вистински дела. Најдоброто извинување е променетото однесување. Треба внимателно да слушнете зошто другата личност е вознемирена и да направите нешто во врска со тоа, односно да го промените.

Вистинските, долготрајни извинување се тивки и скромни. Не бараат публика и внимание. Вистинското извинување подразбира секој ден после работа да одвојувате време за вашиот партнер кој е повреден поради тоа што не сте се виделе одамна. Тоа подразбира да ја избришете поранешната девојка од Фејсбук без да се буните, бидејќи на вашата сакана веќе ѝ се смачи од тоа постојано да ви ги лајкува сите ваши фотографии.

Нормално е понекогаш да се скарате со вашиот партнер. Но, доколку проблемите ги ставате под тепих, веројатноста е дека љубовната врска нема да трае долго. Меѓутоа, доколку ги искористите за да го разберете вашиот партнер и да откриете каква врска ви одговара и на двајцата, тогаш ќе се зближите уште повеќе. Нареден пат кога ќе кажете „извини“ погрижете се да докажете дека навистина го мислите тоа.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар