Единствените правила кои 100% го отстрануваат досадниот целулит

Целулитот е еден од најчестите естетски проблеми кај жените, особено во пролетната и летната доба кога можните нерамнини скриени под кожата доаѓаат на виделина. Без разлика дали сметате дека линиите под кожата се првенствено здравствен или естетски проблем, едно е сигурно, во борбата проти целулитот важен сојузник е исхраната која не може да се замени со масажи или козметички препарати.

5-plan-koj-nikogash-nema-da-ve-izneveri-edinstveni-pravila-koi-100-go-otstranuvaat-dosadniot-celulit-www.kafepauza.mk_

Козметичарите и произведувачите на козметички препарати го застапуваат мислењето дека целулитот е последица од насобраните токсични отпадни состојки во телесните ткива, заради лошата исхрана богата со рафинирани и преработени производи (бело брашно, шеќер, сувомесни производи), пржена и пресолена храна.

Дел од научниот свет се согласува со мислењето дека тука се работи за обична маснотија која се создала заради женскиот хормон естроген, но тие маснотии кај жената се насобираат под тенката кожа и стануваат видливи, бидејќи лимфата не ја врши својата работа.

Целулитот се насобира со години, па тој нема да исчезне преку ноќ, но со упорноста и создавањето нови и здрави навики можеме да го ублажиме и да го подобриме тонусот на нашата кожа.

2-plan-koj-nikogash-nema-da-ve-izneveri-edinstveni-pravila-koi-100-go-otstranuvaat-dosadniot-celulit-www.kafepauza.mk_

Антицелулитни сојузници

Со избор на правилна исхрана, посакувано е секојдневно движење и масажа за поттикнување на циркулацијата. Лесната храна која е сиромашна со маснотии и богата со вода и влакна ни помага во превенција за понатамошно полнење на масните клетки. Затоа вклучете ги во вашето мени следниве видови храна и зачини:

1. Мешунки (богати со хранливи влакна со што ја поттикнуваат работата на цревата и чистењето).

2. Темнозелен зеленчук (обилува со витамини и минерали кои помагаат за подобар тонус на кожата и во согорувањето на мастите).

3. Агруми и бобинки (обилува со витамин Ц кој го поттикнува создавањето на колаген – влакнести структури кои допринесуваат за младешки изглед и подобар тонус).

4. Краставица, лубеница, целер, анасон (имаат диуретично влијание со кое влијаат на исфрлањето на токсичните супстанци од организмот)

5. Месо кое е сиромашно со масти, како мисиркиното и пилешкото (извор на протеини кои се потребни за цврстина и создавање на колаген).

6. Од зачини се препорачуваат лук, куркума, риган, рузмарин, ѓумбир и чили (ја подобруваат детоксикацијата, ја подобруваат циркулацијата и ги штитат крвните жили).

7. 200 милилитри исцеден лимон во млака вода, испиен на гладно (детоксикациско влијание и внесување на витамин Ц).

Важен фактор е изборот на храна, но и нејзиниот квалитет. Нека намирниците бидат од проверен произведувач и ако е возможно од органско потекло заради намалување на внесувањето адитиви и пестициди во организмот.

4-plan-koj-nikogash-nema-da-ve-izneveri-edinstveni-pravila-koi-100-go-otstranuvaat-dosadniot-celulit-www.kafepauza.mk_

Антицелулитни непријатели

1. Храната со многу сол, и сиромашна со калиум помага при насобирање вода во телото, но храната со малку сол и многу калиум може да ви помогне да го отстраните овој проблем.

2. Бидејќи алкохолот, грицките и слатките учествуваат во зголемување на непосакуваниот целулит, избегнувајте ги или намалете го нивното консумирање на најмала можна мера.

Препорака: За целосен ефект и побрзи резултати бидете физички активни и после туширањето масирајте се со козметички препарати со кружни движења од 5 до 10 минути.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар