Единствените 3 избори кои треба да ги направите со цел да бидете вистински среќни

Единствените 3 избори кои треба да ги направите со цел да бидете вистински среќни

Најпрво треба да сфатите дека вие сте оние кои имаат контрола врз среќата во вашиот живот. Вие ги одбирате вашите реакции и вие сте автори на вашата приказна. Исто така, секогаш имате избор. Дури и во оние моменти кога ви изгледа дека сте заглавени на лошо место без излез. Погледнете ги следниве 3 избори кои ги имате за сите нешта со кои се сретнувате во вашиот живот и доколку запомните дека тие се секогаш тука, вие многу подобро ќе се справувате со вашите потешкотии и ќе бидете далеку посреќни од претходно.

Единствените 3 избори кои треба да ги направите со цел да бидете вистински среќни

1. Прифатете ја ситуацијата онаква каква што е

Доколку не ја работите онаа работа која ја сакате и одберете да ја прифатите бидејќи знаете дека во моментов ви е навистина потребна, тогаш ќе престанете да се жалите и ќе ја погледнете ситуацијата од сосема нова перспектива. Наместо да барате маани, вие ќе почнете да ги гледате позитивните страни на оние нешта кои во моментов не ви се допаѓаат, а со тоа и ќе станете многу посреќна личност.

2. Променете ја ситуацијата

Да се задржиме на истиот пример од претходно, со работата која не ви се допаѓа. Можеби ви изгледа како невозможно во моментов да ја промените таа ситуација, но реалноста е далеку од тоа. Направете промена така што ќе разговарате со вашиот шеф и ќе предложите нови идеи за поголемо задоволство на работата. Целта е да направите одлука да останете во моменталната ситуација, додека истовремено работите на тоа да ја направите подобра за вас.

3. Ставете крај на ситуацијата

Имајте на ум дека секогаш постои избор. Дури и да ви изгледа како да нема, доколку сте доволно храбри широко да ги отворите вашите очи, брзо ќе сфатите дека за сè постои решение. Ако вашата моментална работа повеќе ви одмага одошто ви помага, тогаш зошто да продолжите да ја работите? Но, донесете ја оваа одлука по смирено и логично размислување за вашата моментална ситуација и секогаш имајте ја на ум вашата среќа на долг рок. Не одлучувајте ништо во момент на фрустрација или очај, бидејќи тогаш не размислувате трезвено и големи се шансите дека ќе донесете погрешна одлука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар