Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден

Постои една пилатес вежба која е истовремено забавна, ефективна и смешна.

Џозеф Пилатес, креаторот и основачот на пилатесот, ја креирал оваа вежба на ист начин како и сите останати – како комбинација од координација, истегнување, порамнување, дишење и временско усогласување. Но, ова е вежба која тој верувал дека секој човек треба да ја прави секое утро и се вика командос, денес повеќе позната како часовник или вртење на часовникот.

Движењето треба да се направи за една минута и е потешко одошто изгледа.

Прво треба да си замислите дека вие сте стрелките на часовникот. Легнете на грб така што главата ќе ви биде наместена на 12 часот, а долниот дел од телото на 6. Кога ќе се придвижувате, правете го тоа во насока на стрелките на часовникот.

1. Започнете со позиција во која лежејќи на грбот, нозете ви се скупчени кон телото. Подигнете ја главата и држете ги колената со двете раце.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден2. Вдишувајќи, исправете ги рацете зад вас кон 12 часот, додека истовремено ги испружувате нозете кон 6 часот. Притоа грбот треба да ви биде цврсто прилепен за подот, а стомакот затегнат. Рацете и нозете во ниеден момент не треба да го допрат подот. Во зависност од силата што ја имате, ќе ги испружите нозете повеќе или помалку.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден3. Како што ќе издишувате, обидете се да го свртите телото кон 1 часот, вовлекувајќи ги колената кон себе, исто како во првобитната позиција.Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден4. Вдишете додека ги истегнувате рацете кон назад, а нозете право кон 7 часот. Единствената пилатес вежба која треба да ја правите секој ден5. Чекорите 3 и 4 треба да ги повторувате додека не направите цел круг во часовникот.

6. Штом завршите, тргнете обратно од движењето на стрелките на часовникот и повторете ја целата вежба од почеток.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар