Единствената караница што сите парови ја имаат пред да се венчаат

Целта на бракот е да соедини два сосема различни света со цел да создаде заедничко животно искуство исполнето со љубов. Логично е тоа што оваа голема промена се состои и од голем број несогласувања и конфликти. Најчестата караница што сите парови ја имаат пред да се венчаат е борбата за контрола.

Единствената караница што сите парови ја имаат пред да се венчаат

Овој проблем е обично прикриен, бидејќи партнерите го негираат и го припишуваат на стресот предизвикан од планирањето на венчавката. Понекогаш, тие целосно го игнорираат постоењето на овој конфликт затоа што мислат дека паровите не треба да се караат пред свадбата.

Кога некој човек сака да преземе контрола на директен или суптилен начин, тој всушност се обидува да добие сигурност и удобност за да може да се справи со сопствените сомнежи околу врската и недостатокот на самодоверба. Во моментите кога најмногу треба да ги здружиме силите со партнерот и да ја покажеме нашата ранливост, ние се оградуваме за да се заштитиме себеси.

Сите борби за контрола се засноваат на некои подлабоки прашања како што се: Дали навистина можам да верувам дека сме тим? Дали навистина ќе застане на моја страна против целиот свет? Дали навистина ме разбира? Дали ќе ме сака дури и тогаш кога воопшто нема да се согласуваме околу нешто?

Па, што можете да направите за да го спречите овој проблем уште пред да започне? Не чекајте нештата да се влошат пред да преземете нешто. Научете како да се справите со проблемот на здрав начин. Овие неколку совети ќе ви помогнат да ја одбегнете борбата за контрола, без разлика дали се работи за конфликт поврзан со венчавката или нешто сосема друго…

Единствената караница што сите парови ја имаат пред да се венчаат

1. Не го одбегнувајте проблемот

Одбегнувањето само ќе го продолжи и искомплицира проблемот, што значи дека подоцна многу потешко ќе можете да го решите. Ако чувствувате фрустрација, отпор или несигурност поради вашиот партнер, спомнете го тоа на нежен начин. Паровите обично се оправдуваат со следниов изговор „Чекав ти прв/а да го спомнеш тоа“. Бидете цврсти, храбри и почитувајте ги разликите на вашиот партнер кога се расправате околу нешто. Целта на контролата е да се победи. Ако 69% од проблемите на паровите не можат да се решат, тогаш целта не треба да ви биде да докажете дека сте во право, туку да го разберете, цените и почитувате туѓото мислење.

2. Познавајте се себеси

Станете свесни околу тоа како се обидувате да ја преземете контролата. Дали го навредувате и го засрамувате партнерот? Или пак изигрувате жртва и манипулирате со тоа што набивате грижа на совест? Дали ги криете вашите чувства од партнерот, иако се чувствувате осамени, неповрзани и нервозни околу некои аспекти од вашиот иден брак? Самосвесноста бара многу разумност, ранливост и волја да се преземе одговорноста за вашиот удел во конфликтот. Вашиот партнер не е должен да ги разоткрива вашите тактики. Свесноста ќе ви помогне да бидете поискрени во моментите кога најмногу ќе сакате да се оддалечите или избувнете.

3. Проверете ја вашата поврзаност

Дали работите на вашата блискост и поврзаност? Многу е важно да ја одржувате поврзаноста на тој начин што ќе создавате нешто заедничко и ќе реагирате соодветно кога партнерот ќе ви покаже нежност и љубов. Излегувајте на љубовни состаноци и поминувајте време заедно без да разговарате за подготовките околу свадбата.

Контролата е само илузија. Никогаш нема да можете да воспоставите контрола, да го промените или со сигурност да знаете дека вашиот партнер ќе биде тука за вас секогаш кога ќе ви затреба. Не постои гаранција дека вашиот брак ќе трае. Тоа е ризикот што мора да го преземете доколку сакате да бидете во врска.

Она што треба да го направите е да ѝ одолеете на потребата секогаш да бидете во право и да го контролирате партнерот. Наместо тоа најдете начин да ги прифатите вашите разлики за да можете да поставите цврста основа врз која ќе го градите вашиот успешен заеднички живот.

Доколку сте решиле да се венчате, прочитајте што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар