Џабе ви е искуството: Нема добар секс без овие 5 правила!

Џабе ви е искуството: Нема добар секс без овие 5 правила!

Секс совети има и премногу – можете да ги проучувате со денови и повторно да откривате по нешто ново. Меѓутоа, понекогаш изгледа ги забораваме дури и основите на добриот секс поради екстраваганцијата и експериментите. Овие 5 правила никогаш не треба да ги заборавите, без разлика колкаво сексуално искуство имате.

0-dzabe-vi-e-iskustvoto-nema-dobar-seks-bez-ovie-5-soveti-kafepauza.mk

1. Прв секс

Првиот секс со нов партнер никогаш не е и нити ќе биде најдобриот секс што некогаш ќе го имате, освен ако не завршите во кревет со Богот на сексот од некоја ориентална митологија. Стравот, нервозата и напнатоста секогаш се присутни кај обата партнери и потполно е нормално да не можете целосно да се опуштите.

2. Предигра

Ова сепак е најважното нешто во сексот и никако немојте ни случајно да помислите дека не е така. Предиграта секогаш мора да постои, а треба да биде долга и бавна. Причината? – Истражување на телото на партнерот со што ќе обезбедите големо задоволство (читај: одличен секс) за време на пенетрацијата.

3. Непријатности

Сексот е смешен и колку побрзо го сфатите тоа, толку повеќе ќе уживате. За време на односот правите чудни фаци, испуштате невозможни звуци и крикови и гласот ви се менува, а некогаш дури ви се случуваат и мали незгоди, како испуштање гасови. Затоа, немојте да се лутите ако партнерот прсне да се смее на сред секс.

4. Утрински секс

Голем број мажи природно се будат со блага ерекција и затоа наутро ниеден маж нема да одбие секс. Она што е важно да го знаете е дека ваквиот однос одлично ќе ве разбуди, а исто така докажано е дека лечи мамурлак многу подобро од сето она што ќе го изедете или испиете.

5. Јазик

Да, без него нема орален секс, но овде не мислиме на неговата практична примена. Сексот има свој јазик, а тој во основа подразбира формулирање на вашите сексуални фантазии на таков начин што вашиот партнер ќе може да ви ги оствари, додека тие зборови истовремено ќе предизвикаат возбуда кај него. Изговорете го она што го сакате и она по коешто копнеете, инаку никогаш нема да го добиете она што се крие во вашите фантазии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар