Духовни правила: 2 работи што треба да ги заборавите и 2 работи што треба да ги запомните

Сите луѓе сакаат да работат на својот личен развој и да се издигнат на повисоко духовно ниво. Тоа можеби ви се чини комплицирано и тешко, но вистината е дека станува збор за нешто многу едноставно. Сѐ што треба да направите е да се сетите на неколку суштински животни правила.

Духовни правила: 2 работи што треба да ги заборавите и 2 работи што треба да ги запомните

Доколку сакате да напредувате на вашиот духовен пат, треба да ги заборавите следниве 2 работи:

1. Сите лоши работи што луѓето некогаш ви ги направиле. Зависно од тоа колку сте подготвени да им опростите на другите, толкава прошка ќе добиете и за вашите грешки. Способноста да се опрости е голема доблест.

2. Сите добри работи што некогаш сте ги направиле. Ако постојано се потсетувате на вашите добри дела, ќе станете горделиви, а тоа сѐ ќе ви уништи. Би требало да се сметате за обични инструменти преку кои универзумот се обидува да ги пренесе неговите пораки. Не можете да ја надминете мудроста на бесконечниот универзум.

Ова се работите што треба да ги запомните ако сакате да постигнете духовен развој:

1. Смртта може да ви тропне на врата во секој момент. Без разлика дали сте „безначајни“ мали мравки кои само трчаат на земјата или идни претседатели на најмоќните држави во светот, смртта е неизбежна, а честопати доаѓа ненајавена.

2. Сетете се на моќта на универзумот. Со оглед на тоа што смртта може да настапви во секој момент, никогаш не треба да заборавате на моќта на универзумот, бидејќи само таа може да ја ослободи вашата душа и да ѝ дозволи слободно да талка низ мистериозните патишта на небесата.

Доколку сакате да се развиете на духовно ниво, прво мора да дознаете што е тоа духовно будење.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар