Древна јапонска терапија со вода: Го прочистува организмот, дава енергија и помага со еден куп болести

Водата е вистински извор на животот и основен елемент на секоја функција во организмот. Без доволна хидратација невозможно е да се замисли здрав крвоток, бубрези, мускули и особено прочистувањето, односно елиминацијата на штетните материи од организмот. Пиењето вода генерално е добро за здравјето и тоа е првата работа која им се препорачува на многу луѓе кои не се чувствуваат добро. За жал, модерното доба е преплавено со разни хемикалии и лекови кои го потиснаа во заборав фактот колку е всушност водата здрава за нашиот долг живот.

drevna-japonska-terapija-so-voda-go-prochistuva-organizmot-dava-energija-i-pomaga-so-eden-kup-bolesti-kafepauza.mk

Наидовме на една интересна препорака која е позната помеѓу Јапонците. Се работи за јапонска водена терапија од древните времиња, а која е актуелизирана за време на Втората светска војна. Тогаш во јапонските весници се појавила препораката извлечена од традиционалната медицина која советувала денот да се започне со пиење поголема количина чиста вода.

Јапонската традиционална медицина препорачува пиење вода веднаш по будењето, како најважна природна здравствена навика, а научниците ги имаат потврдено позитивните ефекти од оваа практика.

Делување на јапонската водена терапија

Јапонската водена терапија дава одлични резултати како природно средство за третирање менингитис, дијабетес, гастритис, главоболки, астма, бронхитис, артритис, епилепсија, болки, проблеми со срцето, масти во крвта, болести на бубрезите и мочните канали, нервни нарушувања, хемороиди, болести на очите, менструални тегоби, општа слабост, губење енергија, како и за чистење на организмот.

2-drevna-japonska-terapija-so-voda-go-prochistuva-organizmot-dava-energija-i-pomaga-so-eden-kup-bolesti-kafepauza.mk

Изведување на јапонската водена терапија

Наутро, веднаш по будењето и миењето заби, потребно е да се напиете 4 чаши млака вода, односно околу 640 мл. Откако ќе ја испиете водата, следните 45 минути не треба ништо друго да пиете или јадете. Потоа продолжете нормално со своите ритуали.

Терапијата препорачува и конзумирање млака вода во текот на сите 3 оброци и до 15 минути по нив, а пота пауза од 2 часа јадење и пиење дополнителна количина вода.

Терапијата дава одлични резултати за повеќето тегоби и чистење на организмот веќе по 30 дена применување.

Препораката е ваквиот начин на конзумирање вода да се усвои како животно правило, односно да стане дел од вашиот животен стил.

3-drevna-japonska-terapija-so-voda-go-prochistuva-organizmot-dava-energija-i-pomaga-so-eden-kup-bolesti-kafepauza.mk

Не постојат никакви последици нити опасности од овој вид терапија освен што може да предизвика зачестено мокрење.

Оние на кои им е тешко да го започнат денот со повеќе од половина литар вода, а посебно старите и болните лица, се препорачува да започнат со помалку и постепено да ја зголемуваат количината до 4 чаши наутро.

На интернет можете да прочитате за бројните сведоштва на луѓето кои значително си го подобриле здравјето, енергијата и физичкиот изглед со примена на оваа едноставна терапија.

Жителите на Јапонија, за разлика од западниот свет скоро никогаш не користат ладна вода во исхраната и често пијат топол чај додека јадат.

Јапонците се една од најздравите и најдолговечните нации во светот, а во 2008 година имале регистрирано преку 33.000 лица постари од 100 години.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар