Драги девојки, никогаш не прифаќајте половична љубов

Можеби не сакате да останете сами, или толку многу сте заљубени што се задоволувате и со малку. Но никогаш не смеете да прифатите љубов која прави да се чувствувате празни однатре и покрај тоа што постојано му давате делови од себе на вашиот партнер.

Драги девојки, никогаш не прифаќајте половична љубов

Не прифаќајте љубов која не ве исполнува со страст и копнеж. Не прифаќајте нестабилна љубов. Сигурно многу сте вљубени, штом сте решиле да останете во врска со половична љубов. Останувате затоа што верувате дека тој ќе стане подобар. Сакате да ја извлечете онаа страна од него што сте ја виделе кога прв пат сте се запознале. Сакате да бидете таа која ќе ги сруши ѕидовите што ги изградил околу неговото срце и да влезете внатре во неговата душа подлабоко од сите претходни девојки.

Но, дали сте помислиле дека можеби неговата душа нема толкава длабочина колку што си замислувате? Можеби тоа е сѐ што може да ви понуди, меѓутоа тоа не значи дека треба да се задоволите со толку. Некои луѓе љубат посилно и подлабоко од останатите и тука нема ништо лошо. Тоа само значи дека треба да бидете со некој кој ќе може да ве сака со истиот интензитет. Треба да бидете со некој кој ќе направи да бидете задоволни од секој можен аспект, затоа што вашите срца ќе бидат поврзани на посуштинско ниво.

Паметни сте и сигурно знаете дека заслужувате повеќе кога станува збор за љубовта. Немојте да останете со некој кој не може да ги разигра пеперутките во вашиот стомак, само затоа што се плашите да останете сами и да живеете без него. Тешко е да се напушти човекот кого го сакате, но понекогаш токму тоа треба да се направи. Понекогаш треба да се упатите во поразлична насока за да стигнете до целта. Понекогаш заминувањето е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.

Драги девојки, никогаш не прифаќајте половична љубов

Ви треба некој кој ќе зрачи со позитивна и инспиративна енергија, некој кој ќе ве мотивира да станете подобри. Ви треба некој со сличен поглед кон светот. Нема сомнеж дека ќе го најдете. Најтешкиот дел е заминувањето, но откако ќе заминете ќе ви биде уште потешко. Постојано ќе се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука. Ќе бидете уште поизгубени, но полека ќе почнете да заздравувате. Ќе се пронајдете себеси и ќе научите од минатото. Ќе сфатите дека нештата не биле толку сјајни колку што сте мислеле и ќе си бидете доволни сами на себе.

Ќе пронајдете страст и љубов на непознати и необични место. Само кога ќе сфатите што заслужувате, ќе можете да доживеете длабока љубов каква што моментално давате, но не ја добивате. Прекинувањето на врската во која владее половична љубов е тежок процес што мора да го поминете за да станете свесни за вашата вистинска вредност.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар