Драги дами: Чувајте го мажот кој не е себичен во кревет и знае како да ви пружи задоволство

Драги дами: Чувајте го мажот кој не е себичен во кревет и знае како да ви пружи задоволство

Иако сексот не е најважниот дел од врската, сепак помага за да се зацврсти блискоста и интимноста помеѓу партнерите. Редовниот сексуален однос е знак на тоа дека сѐ уште постои привлечност и страст во врската. Но, покрај редовноста, од големо значење е и квалитетот на сексуалниот живот. Ретки се девојките кои можат да се пофалат со партнер кој навистина се грижи за нивните потреби и задоволство. Ова се работите што ги прават мажите кои не се себични во кревет и знаат како да ја задоволат својата сакана…

Драги дами: Чувајте го мажот кој не е себичен во кревет и знае како да ви пружи задоволство

1. Секогаш се погрижува за вашиот оргазам. Откако ќе го достигнете врвот, целиот чин личи на еротска сцена од филм, само што станува збор за реалност и ви се случува токму вам.

2. Услугата ја враќа со услуга. Секако дека мислиме на орален секс. Кога ќе му пружите орален секс, тој секогаш ви возвраќа на истиот начин, а што е уште подобро, се спушта долу почесто од вас.

3. Знае дека вагината не е вашата единствена ерогена зона и никогаш не ги игнорира останатите. Точно знае за кои делови од телото станува збор. Свесен е дека тие ерогени зони се подеднакво важни како и вагината, ако не и поважни.

4. Не се плаши да пробува нови работи. Со него се чувствувате толку опуштено што можете да му ги кажете сите сексуални фантазии, без да се чувствувате смешно и непријатно.

5. Ве опсипува со комплименти, без разлика како изгледате во моментот, како на пример, наутро кога ќе се разбудите заедно.

6. Ве бакнува по оралниот секс, без разлика кој бил вршителот. Свесен е дека сте заедно и дека телесните течности се дел од односот. Ниту еден дел од вашето тело не му е одбивен.

7. Кога ќе му кажете дека тој е најдобриот сексуален партнер што некогаш сте го имале, навистина го мислите тоа. Постојано мислите на него, дури и тогаш кога сте заедно.

Доколку сакате да го подобрите сексуалниот живот, прочитајте ги следниве 5 правила.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар