Дозволено ви е да имате лоши денови дури и тогаш кога сте задоволни од животот

Дозволено ви е да имате лоши денови дури и тогаш кога сте задоволни од животот

Дозволено ви е да имате лоши денови дури и тогаш кога сѐ ви оди како што треба во животот. Дури и да сте генерално среќни, сѐ уште ќе има денови кога ќе сакате да се заклучите во спалната и да тагувате. Дури и да не би смениле ништо во животот, и понатаму ќе има денови кога нема да можете да се справите со стресот.

Дозволено ви е да имате лоши денови дури и тогаш кога сте задоволни од животот

Кога ќе имате такви денови, дозволено ви е да им се жалите на родителите и на партнерот поради вашата работа, без разлика колку сте задоволни од животот генерално гледано. Не значи дека сте неблагодарни ако се пожалите некогаш за да се ослободите од товарот во градите. Тоа е човечки.

Дозволено ви е да имате лоши денови и покрај тоа што сега сте постари и позрели. Дозволено ви да се опијаните, да ја пратите пораката што не смеете да ја пратите и да се срамите поради тоа наредниот ден. Дозволено ви е да ги откажете плановите што сте ги направиле со вашите пријатели затоа што немате енергија да станете од кревет и да се смеете лажно со часови.

Дозволено ви е да земете слободен ден и да не одите на работа ако мислите дека не можете да бидете продуктивни дента. Дозволено ви е да згрешите и да се чувствувате како идиоти поради тоа што сте направиле нешто глупаво. Дозволено ви е да правите грешки и потоа да се извинувате.

Не сте совршени. Вие сте обични луѓе. Нормално е тоа што понекогаш ќе направите нешто за коешто ќе зажалите откако ќе се соочите со последиците. И тоа е во ред. Тоа е сосема нормално. Нема да имате енергија секој ден да давате сѐ од себе.

Ќе има денови кога ќе бидете расположени за дружење и ќе можете да ги насмеете сите луѓе околу вас. Но, ќе има и денови кога ќе седите молчаливо на маса, затоа што сте премногу анксиозни за да отворите уста.

Ќе има денови кога ќе го импресионирате вашиот шеф со вашата работна етика, а ќе има денови и кога ќе бидете прекорени поради тоа што сте направиле недозволива грешка. Ќе има денови кога ќе си се восхитувате самите на себе за тоа колку далеку сте стигнале, а ќе има и денови кога ќе се срамите од вашите грешки.

Обидете се да го запомните следново: Само затоа што сте имале еден лош ден, не значи дека потфрлувате во животот. Некои денови ќе ви бидат попродуктивни од останатите. Некои денови ќе ви бидат полесни од останатите.

Дури и да се чувствувате поразено денес, утре можеби ќе успеете да ги остварите вашите замисли, затоа што вие постојано се менувате. Постојано созревате и постојано се подобрувате. Дури и да направите непоправлива грешка, треба да се гордеете со себе поради тоа што сте свесни за неа и сте признале дека сте згрешиле. Сте се справиле со проблемот на зрел начин и сте си ветиле дека ќе го смените тоа во иднина.

Невозможно е да помине цела година без да се почувствувате како идиот барем еднаш или два пати, така што дајте си оддишка. Дозволено ви е да имате лоши денови. Дозволено ви е да правите грешки. Дозволено ви е да признаете дека не сте совршени.

Дозволено ви е да имате лоши денови, но исто така, дозволено ви е да си заминете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар