Дознајте колкав „алат“ има без да му влезете в гаќи

Жените отсекогаш сакале да пронајдат мудар начин да дознаат со колкав „алат“ располага некој за кого се заинтересирани, без притоа тој да дознае. Бидејќи никој не може да гледа низ панталони, итриците смислиле разни индиректни методи за утврдување на големината на машкиот полов орган.

1-doznajte-kolkav-alat-ima-bez-da-mu-vlezete-v-gakji-kafepauza.mk

Се верува дека големината на стапалата, носот и Адамовото јаболко откриваат колкав е пенисот, но овие начини на проверка не се потврдени. Сепак, постојат и неколку сигурни начини да дознаете што ве чека во кревет. Еве ги во продолжение.

„Случаен“ допир

Секогаш можете визуелно да процените колкав му е, особено ако носи тесни пантолони. Но, ако тоа не е доволно, неопходно е да прејдете на преглед со допир. За почеток најдобро би било да бидете суптилни, особено кога е во прашање првиот состанок. Најдобар начин е да го намамите на некаква игра со закачкање, па потоа случајно да прејдете со раката врз негово меѓуножје.

Ако не сте задоволни од резултатите, направете го ова повторно за една минута. Голема е веројатноста дека овој пат ќе биде доста поголем.

Седнете му во скут

Сосема наивното седење во скут додека разговарате за нешто може да ви открие повеќе одошто мислите. Лесно ќе почувствувате што се крие во пантолоните, особено ако се сконцентрирате на тоа. Во овој случај ќе ви биде од корист доколку одвреме-навреме се поднаместувате.

„Само да земам нешто“

Седите во кафуле, флертувате, но не можете да престанете да се прашувате за она што се наоѓа во неговите пантолони. Еден од можните начини е да се навалите да дофатите нешто преку него, на пример вашата чанта која тактички сте ја позиционирале покрај неговата столица. Сосема случајно со раката ќе го почешкате неговото меѓуножје, а на своето место ќе си се вратите со торбата, но и со одговор на вашето прашање.

0-doznajte-kolkav-alat-ima-bez-da-mu-vlezete-v-gakji-kafepauza.mk

Петинг

Ако не сакате да дојде до секс, но многу ве интересира големината на неговиот пенис, петингот е супер опција. Ова е најсигурниот начин да ја процените неговата големина, а во зависност од тоа до каде сте спремни да одите, сè може да се заврши преку панталоните, или пак под нив.

Потурете го со вашиот пијалак

Еден од најстарите трикови кој сме го виделе во многу филмови е случајно да му истурите пијалак на неговите панталони. Потоа секако ќе се понудите да го избришете за да ја поправите штетата. Патем искористете ја приликата за да го испитате теренот.

И статистиката може да помогне

Познато е дека просечната големина на пенисот е различна кај различни народи, па ако одите на патување во Кина, веројатноста дека ќе најдете некој на кој не му е мал, не е многу голема. Проверете ја деталната статистика за земјите од Европа.

Појдете на базен

Ако тој е спортски тип, сигурно ќе биде заинтересиран да појдете заедно на пливање. Машкиот костим за капење е најдобар пријател на секоја девојка, бидејќи без грешка открива сè што сакате да знаете. Плус, во вода лесно можете божем случајно да ја испитате ситуацијата и со рака.

Погледнете ги неговите прсти

Големината на дланките може многу да открие за момците, а помеѓу останатото и должината на неговиот пенис. Научниците тврдат дека мажите кои имаат показалец пократок од домалиот прст имаат подолг пенис. А колку е разликата поголема, толку е пенисот подолг.

Погледнете го и неговиот палец, бидејќи момците со долги и широки палци воглавно имаат со што да се пофалат.

Консултирајте се со мобилна апликација

Апликацијата за смартфони The Predicktor наводно прилично прецизно може да ја одреди должината на пенисот врз основа на неколку информации како што се висината, сексуалната ориентација и должината на прстите.


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. random Reply

    Само ме интересира која ку*вештија го пишала ова…

  2. lol Reply

    i mene me interesira hahaha

Остави коментар