Дознајте го одговорот на прашањето кое ве измачува: Зошто тој исчезна од сцената?

Дознајте го одговорот на прашањето кое ве измачува: Зошто тој исчезна од сцената?

Само што помисливте дека конечно сè тргна кон подобро, поубаво и поуспешно одеднаш неговите повици престанаа да доаѓаат. Дали оваа ситуација ви звучи познато? Ова е прашањето кое долго време ве измачува, но не грижете се, бидејќи ние имаме неколку објаснувања за вас кои би можеле конечно да ви го откријат одговорот.

1-prashanjeto-koe-ve-izmachuva-zoshto-toj-ischezna-od-scenata-www.kafepazua.mk_

1. Двајцата сте исклучително зафатени

Ако станува збор за нова врска, големи се шансите помеѓу вас да се нашле многу обврски на работа, патувања или непредвидени задачи кои и тоа како можат да влијаат на вашиот однос. Доколку не постои емотивна поврзаност која би овозможила сè да биде во најдобар ред, предолгото време кое поминува помеѓу вашите средби може да предизвика „лудоста“ помеѓу вас да ослаби и да се заборави.

2. Тој помислил дека сте премногу гламурозни за него

Привлечноста која ја чувствуваат мажите кон вас е условена со вашиот статус и желби. Доколку сте личност која има скоро сè, тој ќе биде ограничен, бидејќи тоа ќе му претставува пречка. Решението не е да се откажете од вашиот сјаен начин на живот, туку да го уверите дека тој е неопходен и важен фактор во него.

2-prashanjeto-koe-ve-izmachuva-zoshto-toj-ischezna-od-scenata-www.kafepazua.mk_

3. Пребрзо сте се зближиле

Секако, почетокот со удобни ноќи во кои преспивате еден кај друг може да изгледаат романтично, но да преминете од флертување право кон имитирање брак може да предизвика „испарување“ на страстите кое воопшто нема да ни да го забележите пред да биде предоцна.

4. Предоцна сте се отвориле

Дури и пред да спиете заедно, покажете му се во вистинското светло. Едноставно, спомнете нешто што го сметате за важно, како на пример, дека некогаш сте живееле со друго момче. Мажите кои не ги дознаваат овие информација на време, може да помислат дека сте ги измамиле… И потоа да исчезнат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар