Дознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!

Сигурно познавате барем една кул девојка, а можеби вие сте таа. Зборуваме за оние ретки девојки кои секогаш се природно паметни и шармантни, без воопшто да се трудат. Тешко е да не им се позавиди, бидејќи каде и да отидат оставаат добар впечаток и веднаш стануваат омилената личност во секое друштво. Добрите вести се што дури и да не можете целосно да го имитирате нивното однесување, можете да украдете некоја од нивните навики кои ќе ви помогнат да станете една од нив. Прочитајте ги 10-те тајни на девојките кои се секогаш кул…

Дознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!

1. Читаат многу

Кул девојките се добро информирани и секогаш во тек со најновите случувања. Поради тоа, тие можат да разговараат на секоја тема без никаков проблем. Одличен прв чекор би било да прочитате некои интересни и поучни статии кои ќе го збогатат вашето знаење.

2. Го кажуваат тоа што го мислат

Кул девојките имаат свое мислење и не се плашат да го споделат. Тие никогаш нема да се повлечат од жестока дебата, но нема да ги видите нервозни и вознемирени. Тоа е така затоа што поседуваат огромна самодоверба и не се сомневаат во нивното размислување и знаење.

3. Не се жалат

И ним им се случуваат лоши работи, како и на секој друг нормален човек. Но, кул девојките никогаш не се жалат поради тоа, туку гледаат да го решат проблемот најбрзо што можат. Нема да ги чуете како се нервираат поради нивниот шеф или партнер. Тие секогаш наоѓаат продуктивен издувен вентил за нивниот стрес и нервоза.

4. Сакаат да пробуваат нови работи

Сигурно имате пријателки кои знаете дека нема да направат проблем ако треба да отидете во нов ресторан или да гледате некој чуден европски филм. Кул девојките се секогаш отворени кон нови искуства и не се плашат да пробуваат нови работи. Како инаку би знаеле што им се допаѓа? Бидете таа девојка!

5. Свесни се за нивните позитивни и негативни страни

Кул девојките многу добро ги познаваат нивните предности, кои знаат максимално да ги искористат, како и нивните слабости, кои вешто знаат да ги прикријат. Можеби секогаш доцните, но затоа, пак, имате одлична смисла за хумор што ќе ви помогне да го објасните вашето доцнење на забавен начин, така што никој нема да ви замери.

Дознајте ги тајните на кул девојките и станете една од нив!

6. Не се грижат за тоа дали се кул

Тие не се грижат за туѓото мислење и за тоа каков впечаток ќе остават. Кул девојките се секогаш свои и природни. Никогаш не се однесуваат очајно за да го привлечат вниманието на другите, а тоа луѓето го забележуваат и го почитуваат.

7. Се занимаваат со некое необично хоби

Кул девојките не ги следат слепо трендовите, доколку не им се допаѓаат. Само затоа што боенките за возрасни се во мода, не значи дека треба да се откажете од вашето плетење. Бидете поразлични од другите. Бидете оригинални!

8. Ги мотивираат луѓето околу нив

Луѓето не сакаат девојки кои се фалат самите себеси. Наместо тоа, вие пофалете ги другите, радувајте се на нивните успеси и помирете се со фактот што не сте во центарот на вниманието.

9. Знаат како да се справат со стресот

Некои луѓе многу паничат во стресни ситуации и веднаш може да се забележи вознемиреност на нивното лице. Кул девојките секогаш се смирени и опуштени, а таквата енергија ја шират наоколу и понекогаш делуваат како природен дијазепам на луѓето.

10. Не се плашат дека ќе пропуштат нешто

Кул девојките не се присутни на секој можен настан или забава, а тоа им дава доза на мистериозност. Во ред е да излегувате со друштвото, но не мора тоа да го правите буквално секоја вечер само затоа што се плашите дека ќе пропуштите нешто.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар