Доволно е да вежбате само еднаш неделно за да забележите промена!

Со почетокот на новата година, посебно внимание се обрна на една тема: Вежбањето. Сигурно се прашувате колку пати неделно треба да вежбате. Во однос на тоа прашање има добри и лоши вести. Добрите вести се дека според неодамнешните истражувања, доволно е да вежбате само еднаш неделно за да ги почувствувате здравствените придобивки како што се намален ризик од рак, кардиоваскуларни болести и други проблеми со здравјето. Но, лошите вести се дека има нешто на кое треба да внимавате!

Доволно е да вежбате само еднаш неделно за да забележите промена!

Истражувачите ги испитале податоците на повеќе од 63.000 мажи и жени на возраст од 40 години во периодот меѓу 1994 и 2012 година. Кога ги разгледале навиките за вежбање на луѓето, дефинирани како „неактивни“, „војнички викенд“ и „редовно активни“ во зависност од тоа колку често вежбале, и ги споредиле со нивното ниво на смртност, дознале дека 1 до 2 тренинга неделно се доволни за да се намали ризикот од рак и други сериозни заболувања.

Но, истражувачите предупредуваат дека ако планирате да вежбате само еднаш или два пати неделно, тренингот мора да биде многу интензивен. Според ова истражување, ќе треба да правите интензивни вежби барем 75 минути или умерени вежби кои ќе траат 150 минути, за да можете да почувствувате промена.

Ова откритие го побива досегашното верување дека возрасните луѓе треба да бидат вклучени во умерени до интензивни аеробик вежби за зацврстување на мускулите, кои ќе траат два часа и 30 минути, а ќе се одвиваат најмалку два пати неделно. Некои луѓе претпочитаат да си го распределуваат времето за вежбање, односно да вежбаат пократок период, но почесто, како на пример по 30 минути неколку пати неделно. Други, пак, претпочитаат да вежбаат подолго и поинтензивно еднаш до два пати неделно, во зависност од нивните секојдневни обврски и начин на живот. Резултатите од најновото истражување дефинитивно ќе им се допаднат на оваа група луѓе кои можат да одвојат само два дена во неделата за вежбање.

Доволно е да вежбате само еднаш неделно за да забележите промена!

Според сето ова, може да се заклучи дека дури и минималната количина на вежбање ќе ви помогне да станете поздрави од луѓето кои не вежбаат воопшто. На пример, кај луѓето кои вежбаат минимално постои 30% помал ризик од тоа да доживеат рана смрт. Иако постојат многу лични фактори што влијаат на тоа колку долго ќе живеете, навистина е неверојатно тоа што дури и минималното пешачење може значително да ви го продолжи животот.

Не треба да се заборави ни дека луѓето вежбаат од различни причини, што може да влијае на тоа колку често вежбате. На пример, многу луѓе вежбаат за да се ослободат од стресот, да ја зголемат концентрацијата и да добијат повеќе енергија. Вежбањето исто така претставува друштвена активност, особено ако заедно со пријателите посетувате иста сала за вежбање или сте дел од истиот спортски тим. Луѓето што вежбаат поттикнати од вакви причини сакаат почесто да бидат физички активни.

Без оглед на тоа кои се вашите потреби, колку често вежбате и дали воопшто вежбате, изборот останува на вас. Не треба да чувствувате притисок и да го принудувате вашето тело на нешто за кое не е подготвено. Секако дека вежбањето не мора да биде ваш приоритет. Ваше тело, ваш избор!

Ако овој текст ве мотивираше да почнете со вежбање, погледнете ги овие 5 вежби кои можете да ги правите додека лежите во кревет.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар