Домашно чоколадо со лешници и карамела

Домашно чоколадо со лешници и карамела

Прекрасна блага закуска, која ќе ги маѓепса сите со својот моќен и богат вкус

Домашно чоколадо со лешници и карамела

Потребни состојки:
  • 300 грама лешници, испечени и исечкани (половина на крупно и половина на ситно)
  • 2 супени лажици вода
  • 100 грама путер
  • 200 грама бел шеќер
  • 60 грама кафеав шеќер
  • 1 мало лажиче сода бикарбона
  • 1 супена лажица екстракт од ванила
  • 150 грама чоколадо, исечкано
  • безвкусно масло за готвење
  • сол
Начин на подготовка:

Земете една тава и на неа нанесете малку од безвкусното масло за готвење. Половина од лешниците сипете ги во тавата, но не распрснувајте ги насекаде, туку направете купче на средината.

Во друго тенџере заедно помешајте ги водата, путерот, двата вида шеќер и еден прстофат сол. Доколку имате тенџере со термометар, тоа би било одлично, бидејќи тенџерето треба да стои на оган додека смесата не достигне температура од околу 150 Целзиусови степени. Доколку немате такво, проценете според око. Гледајте да не мешате многу.

Домашно чоколадо со лешници и карамела

Откако миксот ќе ја достигне посакуваната температура, сипете ги ванилата и сода бикарбоната. Потоа набрзина сипете ја смесата врз лешниците во тавата и распоредете го насекаде за да се добие еднаква дебелина секаде.

Исечканото чоколадо ставете го врз топлата домашна карамела и оставете го да се стопи 2 минути. Потоа убаво распоредете го на сите страни, додадете ја останатата количина на лешници и нежно притиснете ги кон внатрешноста. Оставете го чоколадото да се олади, потоа искршете го на парчиња и уживајте.

Домашно чоколадо со лешници и карамела

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. olja Reply

    mmmm nice ^_^

  2. acka Reply

    mmmmmmmm zvuci vkusno 😛

Напиши одговор на acka Откажи одговор