Домашни третмани за убавина и здравје базирани на вотка

Да живеевте во Русија, вашиот ден најверојатно би почнувал и завршувал со вотка, а тоа вклучува сè од плакнење на устата до лекување на опаѓањето на косата. Буквално преведено од руски, „мала вода“ или „драга вода“, оваа кристално бистра течност била измислена во 1503 година од страна на монасите од Кремљ кои ја употребувале како антисептик и пијалак кој лечи сè. Оваа традиција продолжува и до ден-денес, што можеби на прв поглед може да изгледа многу чудно. Но, ако истражите подлабоко, ќе сфатите дека позади неа се кријат милиони придобивки…

Домашни третмани за убавина и здравје базирани на вотка

Погледнете ги наредниве неколку рецепти за убавина и здравје базирани на вотка. Па, наместо да го испиете целото шише со пријателите, оставете неколку капки за апсолутни чуда на вашето лице, коса и на сите останати делови од вашето тело. На здравје!

Длабинско чистење на кожата – Измешајте еднакви количини на вотка и вода и потоа нанесете ја мешавината со памукче на вашето лице. На овој начин ќе ја прочистите кожата и ќе ги затегнете порите.

Третманот за зацврстување ледени коцки“ на Оле – Овој совет доаѓа директно од гуруто за убавина, Оле Хенриксен и е совршен за намалување на порите и зацврстување на кожата. Сè што ви е потребно е еднаква количина на свежо исцеден сок од лимон, силно подготвени чаеви од шипки и од нане, како и вотка. Измешајте ги состојките и сипете ги во калап за коцки мраз. Додека се замрзнати, обвиткајте една ледена коцка во тенка памучна марама и полека масирајте го целото лице и врат во наредните 2-5 минути. Ледените коцки ќе ја намалат надуеноста, додека вотката и сокот од лимон ќе ги намалат порите и ќе ја освежат кожата. Чајот од шипки ќе ги смири сите воспаленија на кожата, додека пак чајот од нане ќе ја подобри микро-циркулацијата која ќе доведе до поздрав сјај.

Сјајна коса – Груби кутикули? Прамени без никаков сјај? Додајте една чашка вотка во вашиот регенератор. Тоа ќе ја намали pH вредноста на вашата коса и ќе помогне при затворање на кутикулите. Исто така вашата коса ќе добие и „филмски“ сјај.

Освежувачко плакнење – Измешајте чаша вода со 15 милилитри вотка и употребете го миксот како последно плакнење на косата по шампонот и кондиционерот. Оваа техника е совршена за отстранување на насобраните остатоци од продуктите на вашиот скалп и прамени, правејќи ја вашата коса блескава и сјајна.

Збогувајте се со првутот – Додадете 15 грама сув рузмарин во една чаша вотка и оставете го да отстои цела ноќ. Наредниот ден измасирајте го вашиот скалп со мешавината и оставете ја половина час да делува. Потоа исплкнете ја косата со студена вода.

Губење на коса – Измешајте 15 милилитри органски мед со џус од кромид во чаша со вотка и потоа нанесете ја на вашиот скалп. Оставете ја да делува во текот на ноќта и наредното утро измијте ја вашата коса. Вотката го чисти скалпот така што ги отстранува отровите од вашата коса и го стимулира растењето на здравите влакна.

Справете се со лошата миризба на стапалата – Едноставно протријте ги стапалата со вотка. Збогум непосакувана миризбо!

Избркајте го лошиот здив од устата – Напијте се малку вотка и без да голтате жуборете ја малку во устата и потоа плукнете. Вашиот здив ќе премине од непосакуван во пријатен.

Победете го херпесот – Нанесете неколку капки вотка на херпесот и на тој начин ќе го забрзате неговото сушење.

Отровен бршлен – Сте се допреле до отровен бршлен? Нанесете малку вотка на осипот за да го намалите чешањето. Вотката го остранува маслото кое го предизвикува овој проблем.

Мазно бричење – Мазното бричење започнува со чист брич. Поради тоа натопете го жилетот во чаша со вотка веднаш по бричењето. Таа ќе го спречи ‘рѓосувањето и ќе го исчисти од насобраните бактерии.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. ... Reply

    ВОДКА*

Остави коментар