Домашни рецепти за здравје и убавина на д-р Оз

Кој вели дека ви е потребен медикамент за секој проблем кој го имате? Понекогаш, домашниот лек кој ќе си го подготвите сами, може да направи да се чувствувате подобро за многу кусо време. Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со овие домашни рецепти на д-р Оз.

Мигрена

Доколку сте склони на главоболки, пробајте да ги излекувате со етерично масло од пеперминт, кое е природно, евтино и лесно решение. Протријте неколку капки на вашите слепоочници и оставете пеперминтот да делува 15-30 минути. Антивоспалителното дејство на ова етерично масло, ќе ги смири вашите нерви.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Подуеност

Чајот од глуварче е одличен диуретик кој ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода која ја задржал вашиот организам. Тој исто така ѝ помага на жолчката да ги разгради мрсните јадења, кои исто така подуваат. Доколку го имате овој проблем со стомакот, почнете да пиете по една шолја чај од глуварче дневно.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Болки во грбот

Пробајте да си ја олесните болката во грбот со ледена мента масажа. Масажата, етеричното масло од пеперминт и мразот се докажани противници на болката. Наполнете една хартиена чаша со вода и капнете неколку капки етерично масло од пеперминт и потоа ставете ја во замрзнувач. Откако ќе се смрзне мешавината, отстранете ја хартиената чаша и замолете некој да ви го измасира грбот со вака подготвениот мраз.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Воспаление на грлото

За да ја намалите болката во вашето грло или да ја смирите лошата кашлица, можете да си направите ефикасен сируп со состојките од вашата кујна. Помешајте ¼ лажичка црвен пипер, 1 лажичка јаболков оцет, 2 супени лажици вода и една лажичка мед.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

„Смрзнување“ на мозокот

Во моментот кога ќе почувствувате дека ви „смрзнува“ мозокот од консумирање нешто ладно, поставете го јазикот на „таванот“ од усната шуплина. Топлината од вашиот јазик ќе ви ги смири нервите и ќе ја отстрани болката побрзо.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Проблеми со спиењето

Наместо да пиете апчиња за спиење кои имаат разни нус појави, консумирајте цреши, кои содржат убава доза на природен мелатонин, кој го помага квалитетното спиење. Пред спиење напијте се една чаша сок од кисели цреши и легнете да спиете мирно.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Нерамна кожа

Сакате вашата кожа да сјае? Не барајте подалеку од вашиот фрижидер. Помешан со масло од соја, мајонезот може да ја врати еластичноста на вашата кожа. Па, намачкајте се и омекнете ја вашата кожа.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Болки во мускулите

Синото сирење делува како ладна терапија, која го намалува воспалението и болката во мускулите. Можеби нема да ви се допаѓа, но обидете се да нанесете едно парче на кожата кај што ви се воспалени мускулите. Ќе се изненадите од резултатите.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз

Оштетена коса

Маслиновото масло ја омекнува вашата коса и ја прави сјајна. Незаситените масни киселини ја заштитуваат вашата коса, правејќи ја помека и лесна за чешлање. Нанесете маслиново масло на косата и покријте ја со капа за бањање. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја косата.Домашни рецепти за здравје и убавина на др Оз


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар