Домашни гумени бонбони

Дали обожавате гумени бонбони? Оние растегливи слатки задоволства во форма на црвчиња, мечиња и други животинчиња…

Еве како да си направите во домашни услови, играјќи си со клучната состојка – желатин.

Домашни гумени бонбони

Потребни состојки:
  • 240 мл бистар овошен сок (100%)
  • 1 лажица цеден сок од лимета
  • 100 грама шеќер
  • 3 лажици незасладен желатин

Во сад измешајте 60 мл од овошниот сок со сокот од лимета. Пропрскајте го одозгора желатинот и оставете го така неколку минути. Не се чудете, ќе почне да „оживува“.

Домашни гумени бонбони

Во тенџерче измешајте ги остатокот од сокот со шеќерот и варете на средна температура додека не се растопи шеќерот. Штом зовре смесата, тргнете го тенџерчето од огин. Оваа смеса префрлете ја во садот со другата смеса со желатин и измешајте. Оставете малку да се излади и потоа распоредете ја смесата во тавче за печење, во калапи за мраз или во модли за колачиња. Ставете ги во фрижидер да стојат 3 часа.

Потоа извадете го садот од фрижидер и одлепете ги гумените бонбони. Не грижете се, нема да се скинат доколку внимавате на количината на состојките. На крајот фрлете ги во сад со шеќер за да не се лепат едни од други.

За да си направите црвчиња, желатинската смеса од тавчето пренесете ја на даска за сечкање и со остар нож исечете ја на ленти. Други интересни форми можете да добиете ако користите модли за колачиња, а за различни вкусови едноставно експериментирајте со овошните сокови.

Домашни гумени бонбони Домашни гумени бонбони Домашни гумени бонбони

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар