Домашни есенски третмани за подмладување

Домашни есенски третмани за подмладување

Есента е плодно годишно време кое изобилува со плодови кои обожаваме да ги користиме во исхраната, но и како дел од третмани за нега и разубавување. Со помош на тиквата, шеќерот, циметот, медот и мускатните оревчиња, вие не само што ќе го подмладите вашето лице, туку и целото тело.

За да направите маски и пилинзи од овие плодови не ви требаат ниту многу време, ниту многу пари. Затоа, подгответе си ги уште денес и разгалете се себеси во домашни услови исто како да сте отишле во козметички салон.

Домашни есенски третмани за подмладување

Маска за лице од тиква

Вашето лице може да добие витамин А, антиоксиданс во облик на витамин Ц и цинк преку оваа маса од тиква.

Потребни состојки:
  • 1 лажица пире од тиква
  • 1 лажица мед
  • ½ лажица млеко

Измешајте ги состојките и нанесете ги на исчистено лице со кружни движења. Избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја маската да делува 15-20 минути и потоа исплакнете го лицето со топла вода.

Маска за лице со мускатно оревче и цимет

Овие зачини мирисаат одлично, но исто така се и добри за вашата кожа. Мускатното оревче има антивоспалителни својства и може да ги намали порите и црвенилото од акни, како и да ги ублажи лузните. Циметот пак делува како пилинг. Тој е природен антисептик. Кога овие два зачини ќе се помешаат со мед се добива исцелителна маска за лице.

Потребни состојки:
  • 1 лажица мед
  • ¼ лажичка цимет
  • ¼ лажичка мускатно оревче

Измешајте ги состојките и нанесете ја смесата на кожата. Оставете ја маската да делува 20 минути и потоа исплакнете.

Напомена: Мускатното оревче може да ја иритира чувствителната кожа, па затоа пред да ја нанесете маската на целото лице, тестирајте на мал дел од кожата.

Пилинг за тело со кафеав шеќер

Вашата кожа ќе ви биде благодарна доколку ѝ го дадете овој третман. Со овој пилинг ќе ја подмладите кожата на вашето тело, ќе ја подобрите циркулацијата и згора на сѐ, убаво ќе мирисате.

Потребни состојки:
  • ½ лажица пире од тиква
  • ½ лажица кафеав шеќер
  • ¼ лажица цимет

Овој пилинг треба да се применува само за тело, не и за лице. Нанесете го со нежно масирање и потоа исплакнете.

Маска од брусници

Брусниците се богати со витамините Ц и К и содржат антиоксиданси кои вашата кожа ќе ја направат помлада. Дополнително, со оваа маска ќе ги намалите подочниците, односно ќе ги направите помалку видливи. Брусниците се и природен тонер на лицето, а кога се комбинираат со мед и јогурт, ја прават совршената маска за меко лице.

Потребни состојки:
  • 10 свежи брусници, згмечени
  • 1 лажица јогурт
  • 1 лажица мед

Измешајте ги состојките и со кружи движења нанесете ја маската на лицето. Избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја да делува 15 минути и потоа исплакнете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар