Домашни бонбони кои ја отстрануваат болката од грлото

Успешно се справуваат со болката во грлото за неколку дена, а покрај возрасните, ќе ги обожаваат и децата

SONY DSC

Настинките со силна кашлица се доста исцрпувачки, но и конзумирањето на многу лекарства може да си има последици. Доколку сакате на природен начин да се справите со кашлицата, направете ги овие бонбони од пржен шеќер, кои многу полесно ќе им ги „протнете“ и на децата, кои често знаат да одбиваат сирупи и други лекови во класичен облик.

Прегорениот шеќер уште одамна се користел за смирување на кашлицата, прелиен со млеко или други додатоци. Но, оваа варијанта е уште подобра – направете ги еднаш и лижете ги постојано додека да помине болката во грлото.

Потребни состојки и материјали:
  • 100 грама шеќер
  • ½ лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка лимонов сок
  • Силиконски калап за мраз
  • Чепкалки за заби (за лижавчиња)
Начин на подготовка:
  1. Калапот премачкајте го со масло.
  2. Шеќерот ставете го во сад и загревајте го на тивок оган со константно мешање за да не загори. Кога ќе се растопи, додајте ги ѓумбирот и лимоновиот сок. Продолжете да варите уште неколку минути со константно мешање. Смесата е готова кога ќе забележите дека добила златно-кафена боја, потемна од почетната.
  3. Ставете ја смесата во подготвениот калап и оставете ја во замрзнувачот околу половина час. Ако наместо бонбони сакате да направите лижавчиња, претходно во смесата забодете чепкалки.

Децата можат да лижат по 2-3 вакви бонбони на ден. Многумина тврдат дека овие бонбони им помогнале да се ослободат од кашлицата и болката во грлото за неколку дена. Но, ако после 2-3 дена не чувствувате подобрување, не си играјте, одете на лекар.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар